Иако навикнал на интернет да се пишува за него, канадскиот политичар и поранешен спортист Рави Калон овој пат не беше во фокусот на јавноста, туку неговиот 10-годишен син. Калон објавил фотографија со порака што ја добил неговиот син, а пораката ги разнежи срцата на многу интернет-корисници.
Гордиот татко се пофали дека неговиот син и неговиот пријател отишле кај новиот ученик на училиште кој седел сам. Синот се вратил од училиште со емотивна порака.
– Беше одлично чувството да се седи со вас надвор. Ви благодарам многу. Ме интересира дали можам да ви се придружам и утре – стои во пораката на момчето кое им било благодарно на децата.
Момчето нацртало и виножито, симбол на мир и радост за многу деца. Луѓето ја наградија објавата со речиси половина милион лајкови, а многу се присетија и на сопственото детство и чувството на изолација.
„Ме расплака, прекрасно“, „Децата ги слушаат, но и ги гледаат родителите. Ова многу кажува и за тебе“, „Како дете поминав низ шест училишта и знам колку е тешко да се спријателиш со некого. Да се биде новото дете е депресивно. Испраќам прегратки за твојот прекрасно воспитан син“ – се некои од коментарите.
Proud dad moment today. My 10yr old son saw a new kid sitting by himself. Another friend and he decided to hang out with him over lunch. He got this lovely note at the end of the day?❤️ pic.twitter.com/b1MNgvMeK7
— Ravi Kahlon (@KahlonRav) January 14, 2021
912