Учителката Лејла Лоренс одговорила на едно од најчестите прашања што ѝ ги поставуваат родителите: Како да го подготвите детето за прво одделение?

Иако со тоа прашање се среќава секоја година, оваа година поради пандемијата на коронавирусот, е уште потешко да се даде конкретен одговор.

– Покрај фокусирањето на активностите, како што се секојдневното читање во семејството и вежбање броење до 10, држење молив и препознавање на буквите, секогаш повеќе се фокусирам на помалку училишни вештини, кои се еднакво, ако не и повеќе, важни за успех на учениците – објаснува таа.

Таа советува:

-Проверете дали детето го знае своето име и презиме, дали знае да го препознае своето име напишано на одредена ознака.
-Вежбајте облекување и соблекување на јакната.
-Поттикнете го да зборува разбирливо за сите да го слушнат и да го разберат.
-Поттикнете го да поминува време само, далеку од родителите или браќата и сестрите.
-Научете го после јадење да исчисти.

Оваа година има и низа нови параметри кон кои треба да се приспособиме.

– Додека секоја држава различно пристапува кон прашањето за училишните очекувања во оваа пандемија, еве неколку работи кои добро ќе им дојдат на децата кои се подготвуваат за голема животна промена во необични околности – истакнала Лоренс.

– Научете ги децата да го почитуваат личниот простор: Тоа е тешко за основците, особено бидејќи е многу веројатно физичките контакти да се нормален дел од нивниот секојдневен живот. Научете ги на бесконтактни поздрави, како мавтање.
-Научете ги правилно да ги мијат рацете: Брзото плакнење не е правилно. Научете ги да пеат песнички кои се долги околу 20 секунди и инсистирајте да ги мијат рацете со топла вода со сапун.
-Објаснете им кога треба да се мијат рацете: Децата треба да научат да ги мијат рацете откако ќе допрат предмети, кваки, секогаш да ги мијат пред јадење, а не само по одење во тоалет или по допирање на видно валкани површини.
-Инсистирајте да престанат да го допираат носот: Наместо тоа, научете го детето да користи хартиено марамче кое веднаш по употреба ќе го фрли и потоа ќе ги измие рацете.
-Вежбајте носење маска: Направете мало „истражување“ за да најдете маска која ќе му биде пријатна на вашето дете и која нема да му паѓа од лицето, а потоа вежбајте носење маска низ домот.
-Децата бараат причини: Наместо едноставно да им наредите како да се однесуваат, објаснете им зошто сега мора да се придржуваат кон новите насоки и како се чува сопственото здравје.

Извор



912

X