Основецот Вања Ѓорѓиоски од Прилеп освои прво место на светското финале на натпреварот по англиски јазик „Хипо“. Тој учествуваше во финалето, кое се одржа од 28 до 30 септември во Рим, Италија, и се натпреваруваше со ученици од целиот свет: Италија, Хрватска, Србија, Романија, Бугарија, Латвија, Тунис, Малезија, Египет, Филипини, Виетнам и многу други.
– Од 28 финалисти во категоријата хипо 1, го освои првото место и доби златен медал, светски признат сертификат за неговото познавање на англискиот јазик и школарина. Неговата менторка, наставничката Фросина Ацевска доби бесплатен TEFL курс – соопштија од Основното училиште „Климент Охридски“ од Прилеп, каде што учи Вања.
Од училиштето објавија и снимки како бил пречекан Вања од неговите соученици, кои утринава го пречекале со аплаузи во дворот на училиштето. Во продолжение можете да ја погледнете атмосферата:
912