Многу родители се фрустрираат кога нивното дете одбива да јаде. Кај некои деца тоа почнува уште од рана возраст, додека кај други оваа појава се јавува малку подоцна, кога всушност почнува нивната фаза на одбивање одредени вкусови или текстури.
Сепак, постои решение, тврди педијатарот Карен Гил. Таа нагласува како можат родителите да му помогнат на детето да се ослободи од оваа лоша и нездрава навика да одбива оброци – и на тој начин да избегне потенцијални здравствени проблеми.
„Пред да се фрустрирате, запомнете дека одбивањето храна е нормално однесување во детството. Во повеќето случаи ова не се должи на некој сериозен проблем, туку е предизвикано од сосема нормални работи, како што се лични преференции, недостиг на глад, недостиг на желба да се проба нешто ново, вообичаени детски болести (како што се болки во грлото или стомачни болки) или едноставно лошо расположение“, објаснува Гил.
Но, таа нагласува и дека понекогаш одбивањето на детето да јаде се јавува со нешто посериозни здравствени проблеми, без разлика дали се од физичка или од емотивна природа. Во овој случај, доколку одбивањето на храната трае предолго или детето почне да слабее, педијатарот тврди дека родителите треба да реагираат. Затоа, важно е да се разбере зошто детето одбива да јаде.

За да го поттикнете детето да има здрав однос кон храната и да влијаете врз неговиот апетит, педијатарот го советува следново:
-ограничување на пречките (одвлекување на вниманието) за време на оброците
-послужување соодветна порција храна
-планирање на оброците
-избегнување стресни разговори или ситуации за време на оброците
-вклучување на детето во подготовката на храната
-да не се присилува детето да јаде ако не е гладно или не сака да јаде.