Министерството за образование и наука во соработка и со поддршка на УНИЦЕФ И УСАИД, изработи видео во кое на јасен и едноставен начин се прикажани протоколите на кои треба да се придржуваат учениците, наставниците и родителите, со враќањето на децата во училниците од први октомври годинава.
Оваа учебна година е поразлична од другите, бидејќи наставата ќе се одвива под посебни услови, но доколку сите се придржуваме до пропишаните протоколи лесно ќе се заштитиме од ширењето на вирусот.
Министерството за образование и наука потсетува дека според протоколите на секое дете ќе му се мери температура при влез во училиштето. Децата ќе треба да држат растојание од најмалку 1,5 метар и за време на целиот престој во училиштето ќе носат маски на лицето освен за време на оброкот и активностите на отворено.

Прочитајте ги правилата за настава во училиштата

Според протоколот е предвидено и почесто миење на рацете и почесто проветрување на училниците. Заштитата од ширењето на Ковид-19 е заедничка одговорност на родителите, наставниците, учениците и на останатиот персонал, односно на сите нас.

Видеото е веќе достапно на официјалните ФБ профили на МОН, на министерката за образование и наука Мила Царовска, како и на ФБ профилите на УНИЦЕФ и УСАИД.



912

X