Воспитување

Моето ментално здравје како родител на дете со посебни потреби

Родителството е предизвик. Без разлика колку среќни фотографии објавуваме на интернет, сите знаеме дека некако, некаде, секој од нас се бори со еден или друг аспект од воспитувањето на децата. Можеби е само привремена борба, но секој има свои проблеми. Тоа е реалноста на родителството.

А родителството на дете со посебни потреби го подигнува тој предизвик.

Инвалидитетот на мојот син ме држи на готовс цело време. Нема момент кога не размислувам за него или за нешто поврзано со него. Додајте ги сите типични мисли на изнемоштена мајка што секојдневно ни се вртат низ глава, и ќе добиете нешто како ова:

Дали е безбеден?

Дали се чувствува како да е разбран?

Дали ги презакажав термините за стоматолог?

Дали се однесува добро на училиште?

Навистина треба да престанам да ги голтам моите чувства.

Дали правам доволно и се залагам за него?

Дали извадив нешто од замрзнувачот за вечера?

Каде ја ставив таа документација?

Треба да исчистам некои од фотографиите на мојот телефон.

Дали треба да побарам друг состанок?

Што можам да направам за другите мои деца да се чувствуваат ценети и важни?

Дали некогаш повторно ќе спие во неговата спална соба?

Кој ден е тоа?

Навистина се надевам дека никој не ја разбра пцоста што ја кажа во самопослуга.

Честопати овие мисли се брзи и бурни и доаѓаат одеднаш, во рок од неколку минути. Може да ми се заврти во главата. Но, по 13 години, се навикнав постојано да бидам изложена на високо ниво на стрес. Вообичаено можам да бидам во чекор со сето тоа, но одвреме-навреме станува очигледно дека со справувањето со сиот дополнителен стрес од родителството на дете со посебни потреби, моето ментално здравје е победено.

Уморна сум, фрустрирана сум поради прашањата што не се решаваат доволно брзо и се ставам на последно место на долгата листа со работи на кои им треба моето внимание. Е-поштата се натрупува, килограмите се зголемуваат (затоа што јадењето кекси е позабавно отколку обработката на чувствата), односите се рушат. Сфаќањето на овие последици е дополнителен додаток на стресот што веќе се акумулирал, создавајќи ужасен циклус на „бљак“ моменти.

Мајките обично не се добри во ставањето на сопствените потреби пред оние на нивните деца, а според моите согледувања, тоа е уште повистинито во заедница каде што има лице со посебни потреби. Има премногу работа, па продолжуваме понатаму.

Сепак, знам дека ми треба пауза. Знам дека ми треба повеќе помош за да ја добијам таа пауза. Но, вложувањето напор за да се направи таа промена е речиси премногу за да се додаде на мојата листа, па јас само се справувам со тоа. Со повеќе кекси, секако. Очигледно, тоа не е решение, ниту краткорочно. Конечно, треба да го забавам темпото и да ги решам сопствените проблеми за да станам родител каков што повеќето луѓе веќе мислат дека сум. Треба да научам да дишам, да се релаксирам и да ги завршувам книгите што ги започнувам, а потоа ги ставам настрана затоа што нешто друго го привлекува моето внимание. Треба повторно да ги откријам активностите во кои уживав пред да ми биде дадена огромната одговорност што претставува родителство на дете со посебни потреби. Треба да се грижам за себе.

Дотогаш, ќе продолжам да ги објавувам тие среќни фотографии на интернет, не затоа што сакам некого да доведам во заблуда, туку затоа што ми носат радост во деновите кога немам време да направам ништо друго за себе. Јас сум работа која е во тек, како и сите други.

Автор: Џен Френклин Кернс

Извор

Поврзани написи

Прашај психолог

Рубриката „Прашај психолог“ овозможува стручна поддршка од психолози и психотерапевти на родителите при справување и решавање одредени актуелни прашања од психолошка природа на нивните деца. На прашањата одговараат психолози и психотерапевти соработници на Деца.мк.

To top