ПРАШАЊЕ: Се работи за дете од 3 години кое е многу бесно кога е во близина на други деца. без разлика дали ги знае или не му се познати, ги турка, знае и да ги удри. Не знае како да воспостави комуникација со деца и одма ги напаѓа, на пример, ако е на игралиште, не остава другите да се спуштаат по лизгалки и слично. Му се кажува со убаво и се разговара со него дека не е убаво така, прифаќа дека згрешил, но пак е исто се однесува кога излегува надвор.
ОДГОВОР: Секое дете има различна природа, особено природата на енергијата и темпераментот што го носи. На оваа возраст децата се социјално неприспособени и постепено ги учат социјалните вештини. Неговата комуникација со врсниците уште е на ниво на природата на неговиот темперамент, кој секако со текот на времето треба да биде воспитан соодветно. Она што е важно е да ја препознаеме оваа енергија зашто така ја препознаваме и неговата потреба.
Можеби се работи за дете кое е кинестетички тип или сака да биде постојано во движење. Тогаш на тоа дете му треба многу физичка активност во текот на денот. За социјалните вештини детето учи најпрво дома. Доколку често му дозволуваме да е прв, да победува, да го има последниот збор, учи дека сѐ е негово, тогаш тоа дете учи дека и надвор лизгалките се негова сопственост и тој се обидува да ја чува неговата територија преку нивото на агресија.
За родителско советување и прецизни понатамошни насоки, како и дефинирање на родителски стил и пристап, потребни се посеопфатни хетероанамнестички податоци, за што може да ме контактирате на hristina_psihologija@yahoo.com.
Одговара: Христина Стефановска, психолог за деца и адолесценти, Здружение „Психит“, е-пошта: hristina_psihologija@yahoo.com