Прашањата до психолозите и психотерапевтите може да ги испраќате на е-пошта: prasajpsiholog@deca.mk. Ве молиме прашањата пишувајте ги на кирилица. Нашето мото е: Кој прашува, дејствува! Кој си молчи, претпоставува!

ПРАШАЊЕ: Моето дете има 20 месеци, зборува, си го знае името и знае дома сите како се викаме. Исполнува наредби како „дај го далечинското“, „донеси ги чорапите“, пие самостојно од чаша, сака само да се храни, меѓутоа, ме загрижува што на моменти погледнува чудно настрана и го задржува погледот. Исто така, многу често си ги гледа рацете, прстите, дали се во ред вакви работи за возраста?

ОДГОВОР: Ова е период од развојот кога детето постојано го истражува надворешниот свет. Карактеристично е што во овој период детето може само да си се забавува, си зборува додека игра, посочува неколку нешта на себе или на кукла како нос, уста, очи итн.

Почнува да ги испитува предметите повеќе со рацете отколку со устата, на отворено посочува и далечни предмети, спонтано чкрта со молив, си се вика себеси по име итн. Ова се неколку начелни развојни параметри за дадената возраст. Однесувањето во кое е застапено фиксиран поглед настрана е нешто што најнапред треба да го видите со педијатар, кој би ве упатил на понатамошна процена доколку е тоа потребно.

Одговара: Христина Стефановска, психолог за деца и адолесценти, Здружение „Психит“, е-пошта: hristina_psihologija@yahoo.com

Психолозите и психотерапевтите ги одговараат прашањата според редоследот на нивното испраќање, а одговорите ќе се објавуваат на Деца.мк. Одговорите имаат психоедукативна функција и ги насочуваат родителите кон посеопфатни насоки на решавање на состојбата што ги мачи. Се разбира, покомплексните прашања подразбираат покомплексен пристап.

Рубриката „Прашај психолог“ овозможува стручна поддршка од психолози и психотерапевти на родителите при справување и решавање одредени актуелни прашања од психолошка природа на нивните деца и е резултат на соработка помеѓу Деца.мк и „Психотерапика“ – здружение за психологија и психотерапија. На прашањата одговараат психолози и психотерапевти, членови и соработници на здружението, како и самостојни експерти, соработници на Деца.мк.



912

X