Дали ви се чини дека се зголемува бројот на деца со алергии на храна? Дали ви се чини дека во вашето место има сѐ повеќе алергични деца? Дали ви се чини дека во ваше време не беше така? Иако по правило не ја сакаме оваа фраза, таа навистина важи во овој случај. Имено, на глобално ниво постојано се зголемува бројот на деца алергични на храна. Всушност, некои статистички податоци на САД покажуваат дека секоја деценија двојно се зголемува бројот на деца со алергии на храна.
Најчеста алергија на храна е алергијата на млеко, а потоа алергијата на кикиритки. Сепак, кикиритките се многу поопасни од алергијата на млеко бидејќи оваа алергија најчесто предизвикува анафилактичен шок и смрт. Затоа, логично е родителите на деца алергични на кикиритки да бидат крајно внимателни кога станува збор за храната што детето ја консумира.
Освен тоа, некои родители мора да бидат толку внимателни што треба да ја контролираат и храната околу своето дете, бидејќи некои алергични деца може да реагираат и на честичките од кикиритки во воздухот. Затоа, не е чудно што многу училишта во Америка станале места каде што не се употребуваат кикиритки, односно на децата им е забрането да носат каква било храна што содржи кикиритки.
Оваа метода почна да се спроведува и во хрватските училишта. Децата со тешки алергии на храна мора уште од мали нозе да научат колку што е можно повеќе да се грижат за себе, но и да го свртат вниманието кон себе доколку нешто се случи. Еве како тоа го направило едно девојче, чиј татко ја објавил на „Тик-ток“, на профилот „Алерџи Пелс“:
@allergypals 5 year old has allergic reaction to Peanuts at school. Here is what she did to stay safe in her words. #peanutallergy #nutallergy #allergylife #allergyawareness #foodallergies #foodallergyawareness #foodallergy #kidtok #childmentalhealth #allergicreaction #anaphylaxis #allergycheck #schoolsafety ♬ Aesthetic – Tollan Kim
Детето додека е мало, најчесто е под надзор на родителите, а под строга контрола е и храната што ја консумира во градинката, па сепак малку полесно се избегнуваат опасности. Но, кога детето сака малку независност и тргнува на училиште, работите се менуваат. Една мајка за своето искуство го напишала следново:
-Кога Ема почна да бара одредена доза на независност, паничевме. Но, решивме да го дозволиме тоа, логично. Најпрво дознавме дека кога оди низ соседството на Ноќта на вештерките, таа вели; „Трик или слатки! Здраво, јас сум Ема и алергична сум на кикиритки“. На многу луѓе им се допаѓа тоа. Нејзиното училиште не е место каде што не се употребуваат кикиритки, но јас и мојот сопруг решивме да не се нервираме. Светот не е место без кикиритки. Затоа, не ги замоливме нејзините соученици да не носат храна што содржи кикиритки, а таа не реагира на преносот преку воздух.
Она што е најопасно кај ваквиот став е искреноста и запознавањето со тематиката кај возрасните. Секогаш кога ја оставам Ема со возрасни луѓе, прво ги замолувам да бидат целосно искрени со мене за тоа што знаат и што не знаат. Не го правам случајно, но внимавам да имаме доволно време и тие да бидат фокусирани. Ги прашувам дали знаат да препознаат анафилактичен шок и дали знаат да користат „Епи пен“ (за еднократна употреба, наполнет апарат за автоматско вбризгување адреналин при тешка алергиска реакција). Дополнително ги прашувам дали знаат правилно да ги читаат декларациите.
Ако тие не знаат нешто од тоа, тоа е сосема во ред. Но, морам да разговарам со нив и да им го пренесам истото. Треба да знаат точно што да прават ако Ема доживее анафилактичен шок, а јас не сум наоколу. Мора да знаат како да ѝ дадат „Епи пен“, мора да знаат кога да повикаат брза помош, кога да дадат втора доза ако првата не била ефикасна – раскажала мајката.
Оваа мајка истакнала дека е многу важно во такви ситуации да не биде „таа хистерична мајка што ќе ги исплаши сите“, но трпеливо објаснува сè што не е јасно – и тоа во мирни околности. Таа е благодарна кога луѓето ѝ велат дека не се сигурни како точно да го употребат „Епи пенот“. Потоа таа може да им објасни и да се погрижи да разберат.
-Потребно е цело едно село за да се воспита и одгледа дете, а во овој случај тоа село мора да знае нешто за употребата на адреналинот – заклучила шеговито мајката.
Автор: Наташа Крстичевиќ
912