Иако не го признаваат тоа, повеќето родители веројатно би сакале нивното дете да е понапред од другите деца. И тоа не е ништо необично бидејќи секој родител го сака најдоброто за своето дете. Но, како навистина да знаете дали детето можеби има натпросечна интелигенција за својата возраст?

Здружението за високо интелигентни луѓе „Менса“ направи листа со 17 карактеристики што покажуваат дали вашето дете можеби има коефициент на интелигенција поголем од просекот.

1. Има извонредна меморија.

2. Рано ги поминува интелектуалните пресвртници.

3. Почнува рано да чита.

4. Има необично хоби или интерес или има длабоко знаење за одредени теми.

5. Нетолерантно е кон другите деца.

6. Свесно е за случувањата во светот.

7. Само си поставува високи стандарди.

8. Успешно е на училиште.

9. Сака да поминува време со возрасните или само со себе.

10. Сака да зборува.

11. Поставува многу прашања.

12. Учи со леснотија.

13. Има развиена смисла за хумор.

14. Музикално е.

15. Сака да има контрола над работите што се случуваат околу него.

16. Измислува дополнителни правила во играта.

17. Екстроверт е или интроверт.

 



912

X