Данскиот Универзитет во Архус објавил студија која покажала дека децата што имаат постара мајка имаат големи предности.
Истражувачите направиле анализа на 4.741 мајка од Данска кога нивните деца имале 7, 11 и 15 години. Студијата покажала дека колку е постара мајката, толку помалку емоционални проблеми и проблеми во однесувањето имале нејзините деца во периодот помеѓу 7 и 11 години.

Исто така, постарите жени биле помалку склони кон физичко дисциплинирање на своите деца, а помалку биле застапени и кавгите.

Покрај тоа, постарите мајки биле подобри во ефикасното поставување граници на децата бидејќи вообичаено биле загрижени за својата бременост, па ментално подобро се подготвиле за родителството.

Познато е дека луѓето стануваат пофлексибилни ментално со текот на годините, па со тоа се и потолерантни кон другите и стануваат подобри емоционални верзии од самите себе. Овој начин на родителство може да придонесе за создавање позитивна психосоцијална околина која влијае врз воспитувањето на децата, смета авторот на студијата, Дион Сомер.



912

X