Ако вашите деца јадат краставици во текот на летните месеци, обрнете внимание на предупредувањето од страна на медицинската сестра Ники Јуркуц. На страницата за едукација на родители „Tiny Hearts Education“ таа објавила дека краставиците се дел од намирниците кои можат да предизвикаат задушување.
„Ова е храна која носи висок ризик од задушување. Цврста е, лизгава и може да се распадне на парчиња“, вели таа.
Таа го упатила предупредувањето затоа што, како што вели, ретко се споменуваат краставиците кога се зборува за задушувањето.
„Наместо да ги исечете на крукчиња, како повеќето, изрендајте ги или исечете ги на ленти или стапчиња, а за постарите деца можете дури и да ги исечете на потенки кругови“, предложила таа.