Бебињата обично почнуваат да гугаат помеѓу петтиот и седмиот месец, а тогаш ќе ги слушнете и првите согласки.
Развојот на звуците следи одреден редослед – прво се појавуваат звуци како „п“, „б“, „м“ и „в“, а подоцна и „д“ и „г“.
Што е гугањето?
Гугaњето претставува испуштање звуци што настануваат кога согласката се комбинира со самогласка, како „гу-гу“ или „ба-ба“.
До осмиот или деветтиот месец бебето почнува да спојува две согласки – на пример „му-бу“ или „ду-ву“.
До десеттиот месец гугaњето станува посложено и вклучува до пет слога и различни тонови, како „гу-и-ја“ или „ка-да-бу-ба“. Во оваа фаза бебето како да измислува свој јазик.

Како да го поттикнете гугањето?
Изберете играчки што го поттикнуваат говорот и играјте заедно со вашето бебе. Добри избори се:
– Играчки што испуштаат звуци (телефон, микрофон, книги со звуци);
– Огледало – бебето ќе ги гледа и имитира сопствените изрази;
– Цевка од кујнска хартија – зборувајте низ неа за да создадете ехо;
– Кадифени животни што испуштаат звуци („мууу“, „вау вау“);
– Играчки автомобили („брум-брум“);
– Кукли за интерактивна игра;
Гугaњето е важен дел од развојот на говорот и првиот чекор кон комуникацијата, па затоа уживајте во секој нов звук што вашето бебе ќе го направи.
912