На сите им е јасно дека родендените едноставно станаа прескапи, па родителите често се одлучуваат за финансиски поприфатлива опција поради која на родендените често нема храна.

Не е лесно да се организира роденден на детето, а во денешно време не е ни малку евтино. Тоа е голем трошок за родителите без разлика која опција ќе ја изберат. Игротеките се доста скапи за многу луѓе, па во овој поубав дел од годината родендените на отворено и домашните родендени го спасуваат денот. Но, тогаш сè е до родителите – целата подготовка и забава.

Сепак, и тоа не е евтино. Затоа, доколку детето одлучи да покани повеќе деца, треба добро да размислите за храната и за сето она што ќе биде понудено на роденденската забава. Кога само ќе се потсетиме на нашите родендени во 80-тите и 90-тите! Централниот дел на масата го заземаа тие мали „француски“ сендвичи или половина кришки леб со краставици. Тие беше најслаткото нешто, а можевме да ги јадеме додека не се онесвестиме. Одвреме-навреме смоки или, ако имате среќа, чипс.

На форумот „Мамснет“ една мајка луто прашува каков е трендот на детски родендени без храна. Таа се налутила откако го зела својот осумгодишен син по роденденската забава на која немало храна – и тоа не била прва таква роденденска забава. Мајката рекла дека нејзиниот син бил навистина гладен по таа прослава, па се запрашала за каков тренд станува збор затоа што не ѝ било јасно.

– Дали сум неразумна да мислам дека растечкиот тренд да не се нуди храна за роденденски забави е малку чуден? Само што го зедов син ми од роденденска забава каде што немаше храна (и не, тоа не е трошок, барем не во овој случај). Сигурна сум дека на децата воопшто не им е гајле, но не планирав да приготвувам вечера за на крајот да морам да си дојдам дома и да направам нешто од ништо бидејќи тој беше гладен – пишува мајката.

На крајот од својата објава таа испрати порака до родителите кои подготвуваат роденденска забава за нивните деца: -Ако не обезбедувате храна на забавата, тогаш барем кажете ни однапред за да знаеме.

Таа не наиде на разбирање и поддршка. Многу мајки коментираа дека може да биде среќна што нејзиниот син бил поканет и што се забавувал на роденденската забава. Сепак, многу родители потврдија дека таквите забави не им одговараат, па имаше коментари од типот: „Никогаш не би организирала роденденска забава без храна“ или „Ако немало храна, тогаш тоа не е роденденска забава, туку играње со поголема група на деца“.

Оние со поинаков поглед на овој проблем не сфаќаат зошто забавата не треба да биде минималистичка: „Зошто очекувате вашето дете да има загарантирана вечера, а не само слатки и колачи?“

Извор



912

X