Кога сте дете, љубовта и поддршката што ги добивате од своите родители стануваат едни од најважните работи во вашиот живот. Но, можете ли да замислите како би изгледало тоа кога еден од вашите родители би имал Даунов синдром?

Садер Иса, 21-годишник од Сирија, ја споделува својата приказна и зборува како се чувствувал додека растел во тие услови и како ништо не би менувал во врска со својот татко бидејќи заради него станал човек каков што е денес.

Иако тоа не некои би можело да им претставува предизвик и нешто со кое им е тешко да се соочат, таткото на Садер се обидел да го одгледа на најдобриот можен начин. Иако може да се претпостави дека односот меѓу него и неговите родители е поразличен, Садер вели дека не е.

Односот што го граделе во текот на годините бил вообичаен. Можеле да уживаат во љубовта, едноставноста, понизноста и успеале да се пробијат низ неволјите кога не се согласувале. Со ова се обидувале да им покажат на другите дека сè е можно и дека другите можат да ја променат перцепцијата за нештата, ако издвојат момент да ги видат како семејство во кое љубовта е најважна.

Јад Иса, таткото на Садер, работи во мелница во близина на својата куќа. Неговиот син често му помага и го следи до работното место. Води нормален живот и луѓето го почитуваат и му пристапуваат како кон кој било друг, бидејќи сè што знае е како да им даде чиста љубов без да очекува нешто за возврат. Најубаво од сè е кога таткото гордо го запознава со другите луѓе и му покажува дека и покрај состојбата, ја постигнал својата цел: да воспита добар човек кој настојува да го добие тоа што го сака. Во моментов Садер е трета година на стоматологија, па кога ќе запознае нови луѓе, неговиот прекрасен татко со гордост им вели: „Мојот син е доктор“.

Фотоизвор: „Фејсбук“

Неговите очи се полни со радост и задоволство, како во нив да се чита изразот со кој тој се обидува да каже: „Да, имам Даунов синдром, но го одгледав овој човек и направив сè што е во моја моќ да го направам доктор и да им помогнам на другите“, вели Садер, кој не крие колку е горд на својот татко.

„Ако мојата баба не го родела мојот татко, не би можел да бидам овде и да ви ја раскажам оваа негова неверојатна приказна“, рекол Садер, кој се обидува да сними филм за своето семејство.



912

X