Игротека

Како изгледа ручекот во едно јапонско основно училиште?

Во јапонските училишта, ручекот е многу повеќе од храна. Во основното училиште во Саитама, Јапонија, ручекот е претворен во 45 минутен образовен период, исто како математиката и читањето. Учениците одгледуваат зеленчук на училишната фарма.

Тие им ги послужуваат оброците на нивните соученици во самата училница и секако, чистат после ручек. Секој чекор од процесот е внимателно испланиран, забавен и одличен начин за учениците да соработуваат. Често пати на менито се наоѓа риба, сос од круша, компири и супа од зеленчук. Сите овие состојки се домашно приготвени.

Како сето тоа изгледа можете да погледнете на видеото подолу.

Поврзани написи

Прашај психолог

Рубриката „Прашај психолог“ овозможува стручна поддршка од психолози и психотерапевти на родителите при справување и решавање одредени актуелни прашања од психолошка природа на нивните деца. На прашањата одговараат психолози и психотерапевти соработници на Деца.мк.

To top