За новиот родител, бебето што спие е најубавата работа во светот. Поточно, недостигот на плачење е најубавиот звук на светот. Не мора да им кажете два пати да не го будат своето бебе – зошто да се прекинуваат скапоцените моменти на мир и тишина со потенцијал за менување на пелената, подригнување, хранење и други форми на родителски задачи? Но, за жал, има некои околности во кои мора да го попречите сонот на бебето. Кога тоа ќе се случи, важно е да знаете како да го разбудите бебето.
Првото правило е никогаш да не го будите освен ако тоа не е апсолутно неопходно (на пример, мора да се оди на лекар), а второто правило е дека најдобро е да го будите бебето бавно. Следуваат неколку техники кои родителите треба да ги испробаат. Нема да го направат процесот пријатен, но попријатен отколку без да ги знаат овие совети.
Креирајте лажно изгрејсонце
Не пуштајте нагло светлина во собата за да го шокирате детето и да го натерате уште повеќе да ги затвори очите. Наместо тоа, зголемувајте ја светлината во „нијанси“ на секои неколку минути. Започнете го процесот на будење пред моментот кога ви е потребно детето да биде целосно будно, бидејќи за оваа стратегија е потребно време да се развие.
Одвиткување
Повивањето на бебето може да му помогне да заспие, па логично е дека одвиткувањето ќе му помогне во будењето. Само запомнете дека повивањето е во основа мерка за безбедност, па бидете сигурни да го одвиткувате бебето со надзор и постепено сѐ додека не се разбуди целосно.
Промена на пелената
Менувањето на пелената додека бебето сѐ уште спие е предност поради смирената положба на детето, па овој процес би требало полека да го расони.

Направете некаква врева
Пеење или само зборување на нежен начин со нежен глас може да создаде пријатна атмосфера за детето. Тоа е моќна алатка, па не плашете се да ја користите.
Масажа
Масажата на бебето може да помогне во решавање на стомачните проблеми и да им помогне на родителите да се поврзат со своите малечки, а е исто така тоа е добар начин постепено да се разбуди детето. Обидете се со нежна масажа додека детето сѐ уште е во креветчето и потоа нежно кренете го за да се разбуди.
Автор: Камерон Ле Бланк