Новороденчињата можат да разликуваат само светло и темно, а нивниот поглед кон светот е прилично нејасен, и тоа во црно-бела боја. Од недела во недела, од месец во месец, нивниот вид се формира и станува сѐ подобар.

Потребно е малку време за видот да им се расчисти и да почнат да го гледаат светот во бои. Тоа се случува кога ќе наполнат три месеци. Интересно, првата боја што ја препознаваат е црвена.

За да ги разбереме и да научиме како се менува начинот на кој бебињата гледаат, очниот хирург д-р Ромеш Ангунавела направи интересен гиф на кој го гледаме токму тоа – како се менува видот на детето од моментот на раѓање до првиот роденден.

– Визуелниот кортекс на мозокот опфаќа речиси третина од целиот мозок и почнува да учи да обработува визуелни информации кога бебето првпат ќе ги отвори очите – објаснува д-р Ромеш.



912

X