Зошто треба родителите да ги запишат децата во IQ UP! Карпош?
– Работам со деца откако знам за себе и можам да кажам дека секој час е нова приказна, нова научна авантура и инспирација. Секое дете има бескраен потенцијал, само треба да му се даде вистински простор да истражува, да експериментира и да сонува.
Во IQ UP! Карпош има средина каде што децата учат преку игра, љубопитност и експерименти. Тука не се работи само за наука, туку за радост во учењето и чувство на исполнетост. Кога ќе ги видам како со насмевка решаваат логички задачи, градат мали роботи или создаваат сопствени експерименти, знам дека тоа е мојата мисија, да придонесеме во поттикнувањето на љубопитноста и создавањето љубов кон знаењето што трае цел живот.
Колку програми постојат во IQ UP! и како се разликуваат според возраста на децата?
– Во IQ UP! внимателно ги дизајнираме програмите според возраста, развојот и интересите на децата. Имаме шест уникатни СТЕМ + програмирање програми за деца од 3 до 13 години, кои комбинираат наука, технологија, инженерство, уметност и математика преку над 500 експерименти, реални проекти и интерактивни активности.
Програмите се создадени за да одговорат на природната љубопитност на децата – од најмалите кои учат преку игра и приказни до постарите кои веќе кодираат, решаваат инженерски предизвици и создаваат сопствени иновации. Кај помалите групи (3–5 години) најважно е да се развијат фокусот и логичкото размислување, додека кај постарите (9–13 години) се надградуваат дигитални и истражувачки вештини што ги подготвуваат за идните професии. Наставата се одвива еднаш неделно, по 1 час за помалите групи и 1 час и 30 минути за повозрасните деца.
Во IQ UP! секое дете, од 3 до 13 години, има можност да ја открие науката преку игра, експерименти и креативност. Програмите се поделени според возраста и се развиваат постепено – од најмалите Мали истражувачи (3–5 години), Мали истражувачи + (5-6 години) кои преку приказни, бои и игри ги учат децата да го задржуваат фокусот и да развиваат логика, до Магичната лабораторија на Биби и Боби (7–9 години) каде што децата преку кодирање, експерименти и инженерски предизвици ги комбинираат науката и технологијата. Додека во Научните авантури на Оливер (9–13 години) децата почнуваат со подлабоко изучување на физика, биологија, хемија и технологија, создавајќи свои модели, дигитални проекти и учествувајќи на меѓународни натпревари. Наставата се одвива еднаш неделно, по 1 час за помалите и 1 час и 30 минути за постарите, со активности што се менуваат на секои 10 минути за да ја задржат детската љубопитност и радост во учењето. Во IQ UP! науката станува игра, а играта знаење.

Во текот на годината секое дете поминува над 100 експерименти, 40 научни теми, 40 научни приказни, над 200 едукативни игри, над 100 мозочни и логички вежби што го задржуваат вниманието и ја поттикнуваат љубопитноста. Часовите се динамични, со промена на активностите на секои 10 минути, така што децата постојано учат, се смеат и откриваат нешто ново.
Како СТЕМ-активностите влијаат врз развојот на децата?
– СТЕМ е начин на размислување што го поттикнува детето да истражува, да анализира и да размислува креативно. Кај најмалите, особено кај децата од 3 до 6 години, се гледа најголем напредок, се подобруваат концентрацијата, фокусот, моториката и логичкото размислување.
Нашите часови се динамични и внимателно осмислени, речиси на секои 10 минути има нова активност што го задржува вниманието на децата. Тоа може да биде експеримент, мини инженерски предизвик или креативна игра. Секој час е различен и возбудлив.
На тој начин децата учат несвесно, додека се смеат, се движат и истражуваат, тие истовремено градат самодоверба, логика и љубов кон знаењето.

Што е најубавото нешто во вашата работа со децата?
– Љубовта што ја добивам од децата. Тоа е најчистата енергија што постои. Кога дете ќе дојде возбудено и ќе каже: „Наставничке, ми успеа експериментот!“ или родителот ќе ми пише дека децата заспале возбудени и среќни по часовите, тогаш знам дека сѐ поминало успешно. Моето срце е полно кога гледам како тие растат со самодоверба, почнуваат повеќе да веруваат во себе и се радуваат на секој мал успех.

Како СТЕМ програмите во IQ UP! ги подготвуваат децата за професиите на иднината?
– СТЕМ-програмите во IQ UP! се дизајнирани така што децата не учат само факти, туку учат како да размислуваат, да решаваат проблеми и да соработуваат. Секоја лекција започнува со приказна, продолжува со експеримент или инженерска активност и завршува со мини-проект или дигитална презентација што ги поттикнува креативноста и логиката.
На овој начин тие развиваат критичко размислување, дигитална писменост, тимска работа и иновативност, најважните вештини за професиите на иднината. Без разлика дали ќе станат инженери, дизајнери, доктори или програмери, тие веќе учат да размислуваат како иноватори и лидери.
Голема мотивација е што некои наши ученици веќе учествуваат и на меѓународни натпревари по СТЕМ и роботика, каде што се натпреваруваат со свои мали проекти.

Како што често им велам на моите ученици:
„Никогаш не знаеш какви професии ќе постојат утре, но знаењето што го стекнуваш денес ќе ти помогне да ја создадеш својата.“
✨ IQ UP! каде што науката станува игра, а играта станува знаење.
👉 Уписите во IQ UP! Карпош се во тек!
📲 Резервирај бесплатен пробен час: iqup.mk/stani-mal-naucnik
(Комерцијална објава)