Добриот ноќен сон е клучен за правилен развој и доволно енергија кај децата за сите дневни активности. Сепак, многу родители не се свесни дека изборот на храна пред спиење може значително да влијае врз квалитетот на детскиот сон.

Некои намирници можат да предизвикаат несоница, зголемена активност или дигестивни непријатности што го попречуваат спиењето. Затоа, ова е храната што треба да избегнувате да им ја давате на децата во вечерните часови.

Слатки, благи и храна богата со шеќер

Големиот внес на шеќер го зголемува нивото на гликоза во крвта, што предизвикува нагло покачување на енергијата. Тоа може да го отежни процесот на смирување и заспивање кај детето. За да го избегнете ова, намалете го внесот на слатки и благи неколку часа пред спиење. Наместо тоа, понудете овошје, кое природно содржи шеќер, но и растителни влакна што спречуваат нагли скокови во нивото на шеќер во крвта.

Мрсна и пржена храна

Мрсната храна, особено онаа што е пржена или богата со транс-масти, може да предизвика тегоби во стомакот и подолго варење, што доведува до чувство на тежина и непријатност. Ова може да го отежне заспивањето и да влијае врз квалитетот на сонот.

Затоа, избегнувајте пржена и премногу мрсна храна пред спиење. Наместо тоа, пригответе полесни оброци со зеленчук, овошје или немасно месо, кои полесно се варат.

Зачинета храна

Зачинетата храна може да предизвика дигестивни проблеми и киселини, особено кај деца што се почувствителни на зачини. По нејзиното консумирање може да се јави чувство на непријатност во стомакот, што го отежнува мирниот сон.

Ако вашето дете сака зачинета храна, најдобро е да ја избегнувате навечер. Наместо тоа, пригответе оброци што нема да го иритираат желудникот.

Големи количини млечни производи

Иако млечните производи се добар извор на калциум, голема количина млеко непосредно пред спиење може да предизвика дигестивни тегоби, особено кај деца чувствителни на лактоза. Ова може да доведе до надуеност и немирен сон. За да избегнете вакви проблеми, ограничете ја количината на млеко што детето ја пие пред спиење или пробајте со полесни алтернативи како бадемово млеко.

Извор



912

X