Меган Маркл и принцот Хари одлучиле да го испратат својот син во градинка каде што се проучуваат свесноста, одржливоста и емоционалната писменост. Момчето таму ќе учи и кодирање, меѓу другите активности, а ќе се работи и на усвојување на знаењата за екологијата, љубезноста и внимателноста. Момчето е третирано како анонимен лик, што и била целта на неговите родители, а воспитувачите го прифатиле таквиот пристап.

Меган била забележана како го вози Арчи до градинка, а потоа го носи неговиот зелен ранец и кутија со ручек. Родител на еден од соучениците на Арчи изјавил: „Хари често го остава Арчи на училиште и го зема, изгледа како добар татко. Сите родители го прифатија доаѓањето на Хари и Меган, без да кренат многу прашина околу тоа. И за другите деца, Арчи е едноставно еден од нив. Тие не знаат дека неговите родители се поврзани со кралското семејство, а веројатно и не им е грижа за тоа – освен ако Меган не би била дизни-принцеза“.

фото извор: YouTube screenshot

Ова семејство во Калифорнија води сосема поинаков живот од оној што го имаше во Англија.

Автор: Питер Шеридан

Извор



912

X