Сите имаме свои мали гревови во храната, но ако прашате гастроентеролог, постојат неколку намирници што речиси никогаш не ги јадат – и тоа со добра причина.
Протеински чоколади
Мислите дека протеинските чоколади се здрави? Не секогаш. Оние што содржат природни состојки можат да бидат добар избор, но повеќето од нив се високо преработени и полни со адитиви. Д-р Хармони Алисон од Медицинскиот центар „Тафтс“ вели дека ги избегнува бидејќи можат да предизвикаат надуеност и гасови.
-Никогаш не ги јадам. Претпочитам природни извори на протеини како што се млеко, путер од кикиритки, јаткасти плодови или семки од тиква – открива таа.
Црвено месо
За жал, ниту гастроентеролозите не се големи обожаватели на стекови и бургери.
-Избегнувам црвено месо, особено стекови и бургери. Истражувањата покажаа дека консумирањето повеќе од 100 грама црвено месо дневно го зголемува ризикот од рак на дебелото црево – вели д-р Ризвана Чоудхури од „Џонс Хопкинс“.
Хот-дог и други преработени производи од месо
Гастроентеролозите тврдат дека овие производи се меѓу најлошите за здравјето на цревата.
-Консумирањето црвено и преработено месо четири или повеќе пати неделно го зголемува ризикот од рак на дебелото црево за дури 20 % – предупредува д-р Рабија де Латур од Медицинскиот факултет „Гросман“ при Универзитетот Њујорк.

Пржена риба и пилешко
Крцкавите пилешки медалјони или рибни стапчиња може да бидат вкусни, но не се добри за дигестивниот систем. Д-р Махмуд Ганум, истражувач на микробиомот, објаснува дека маслата што се користат за пржење можат негативно да влијаат врз цревната флора и да го зголемат ризикот од атеросклероза, што на долг рок може да доведе до срцеви и мозочни удари.
Газирани сокови
Ако често пиете газирани пијалаци, можеби е време да ги елиминирате од вашата исхрана.
-Газираните пијалаци се поврзани со хронични заболувања како што се дијабетес и срцеви заболувања – вели д-р Сајмон Ц. Метјуз од „Џонс Хопкинс“.
Покрај тоа, тие можат да предизвикаат надуеност, подригнување и рефлукс, особено ако се газирани и содржат кофеин истовремено.
Бел леб
Д-р Шилпа Гровер од болницата „Бригам“ предупредува на опасностите од рафинираните житарици:
-Исхраната богата со црвено и преработено месо и рафинирани житарици го зголемува ризикот од дивертикулитис, воспалително заболување на дигестивниот систем.
Наместо тоа, препорачува исхрана богата со интегрални житарки, јаткасти плодови и зеленчук.
Не мора целосно да се откажете од овие намирници, но гастроентеролозите препорачуваат да ги консумирате ретко и умерено. А ако едноставно не можете да им одолеете на виршлите, обидете се да ги комбинирате со кисела зелка – тоа може да му помогне на вашиот цревен микробиом.