Во 1986 година докторот и фармацевт Саген Ишизука ја измислил јапонската филозофија наречена „шкукику“. Филозофијата била изведена од два збора што значат „јади“ и „расте“.

Шокуику ги охрабрува родителите и училиштата да ги учат децата од каде доаѓа нивната храна и како таа влијае врз нашите умови и тела. Овој концепт е дел од јапонската култура и е голема причина зошто земјата е дом на најздравите деца во светот. Според податоците на УНИЦЕФ, меѓу 41 развиена земја на Европската Унија и ОЕЦД, Јапонија е единствената земја каде што помалку од едно од пет деца има прекумерна тежина.

Јапонските лекари ги охрабруваат идните мајки да следат балансирани оброци наречени „ичију-сансаи“. Во центарот е чинија со ориз и мисо супа, придружена со јадење фокусирано на протеини и со две прилози со зеленчук (како алги или печурки) за соодветни витамини, минерали и влакна.

Како што растат децата, тие почнуваат да учат за здравите навики во исхраната. Во 2005 година владата го усвои основниот закон „шокуику“ за промовирање на „шокуику“. Во некои предучилишни установи децата берат зеленчук за ручек, додека во основните училишта учат за фарми кои произведуваат зеленчук, риба и друга храна.

Исто така, има храна која е забранета во образовните институции. Според Американката Морија, која со семејството се преселила во Јапонија, не се дозволени чипсови, бисквити, крекери и гумени бонбони. Наместо сок, пијат вода или чај.

– Нема никакви слатки и ништо што се смета за брза храна – открива таа на нејзиниот профил на „Тик-ток“.

За да се уверат дека родителите ги почитуваат правилата, наставниците ги проверуваат кутиите за ручек на учениците и ако најдат нешто што не треба да биде таму, можат да им го земат или да разговараат со родителите.

Иако ова може да звучи екстремно за некои, Морија тврди дека нејзиниот син никогаш не се хранел поздраво и подобро отколку во Јапонија.

@momentswithmoriah Replying to @Weeb66 2x speed if ya need, most of the details were needed to understand it better 😅 #bento #bentobox #japan #okinawa #弁当 ♬ original sound – Moriah 🌸 life in Japan

Извор



912

X