Рос Хант станал познат поради неговиот одговор на училиштето кое го посетува неговата ќерка. На „Тик-ток“ тој споделил приказна во која открил дека неговата ќерка Изабел била засрамена од вработена во училишната менза за нездравиот ручек што го имала.
„О, не јадете го тоа, не треба да го јадете тоа“, рекол Хант, цитирајќи го претставникот на училишниот персонал. Хант смета дека училишната регулатива е иритирачка и сака неговото дете да јаде што сака, без другите да го критикуваат поради тоа, а исто така укажал и на лицемерието на училиштето кое самото им нуди слатки на учениците.
„Во ред е ако јадат чоколадна торта што им ја сервира училиштето, но чоколадото не е соодветно ако го донесат од дома“, додал тој. Како одговор на училиштето, тој ставил налепница од внатрешната страна на кутијата за ручек на неговата ќерка на која пишувало: „Добре дојдовте во кутијата за ручек на Изабела. Свесни сме за содржината на оваа кутија и среќни сме што Изабел јаде што сака“.
Хант признал дека бил во искушение да ја наполни кутијата со бонбони, но на крајот ѝ спакувал само една кеса со слатки. „Престанете да им кажувате на децата што треба и што не треба да јадат и оставете ги родителите сами да ја донесат таа одлука“, заклучил тој.