Дамјан Давков, талентираниот осмоодделенец од Штип, познат по прекарот Штипскиот Питагора освоил злато на Јуниорската балканска математичка олимпијада –ЈБМО, чиј домаќин е Молдавија.
Екипата се натпреварувала виртуелно во просториите на Институтот за математика при Природно-математичкиот факултет во Скопје.
Учеството на оваа олимпијада го организирал Сојузот на Математичари на Македонија.
Младиот математичар се најде во центарот на јавноста и на почетокот на годинава, кога беше одбиен од државата да добие парична награда за освоено прво место на државен натпревар по математика, зашто бил ученик во основно, а истата им следувала на ученици во средно образование.
Тогаш на социјалните мрежи се споделуваше документот од Министерството за образование и наука, потпишан од министерката Мила Царовска, во кој пишуваше дека ученикот е одбиен затоа што бил редовен ученик во основно образование, а одржаните натпревари на кои победувал биле наменети за средношколци.
Државата одби да го награди Дамјан Давков
Документот во кој пишува дека Дамјан и неговиот ментор Кокан Радев се одбиени за награда го објавила мајката на детето, Никица Давкова.
– Еве како во Македонија се ценат талентираните ученици. Очигледно во законот нема предвидено вакво нешто. Да учествуваше за основно образование, ќе добиеше. Вака не- напиша тогаш мајката на Дамјан.
Ученикот беше поддржан со еднократна парична награда од 15 илјади денари од општината Штип и со признание за почесен граѓанин на општината.
За Дамјан Деца.мк пишуваше уште во мај 2019 година.
912