Милениумците не сакаат да имаат по три деца.
Истражувањата покажуваат дека просечната бројка на деца во едно семејство е намалена. Тоа значи дека во последните 40 години во едно семејство просечно се раѓаат по две деца наместо по три.
Според истражувањето, во 70-тите години жените во просек раѓале по три деца. Во тој период, 40 проценти од жените на возраст од 40 до 44 години раѓале четири или повеќе деца, 20 проценти од жените раѓале до три деца, 24 проценти раѓале до две деца, а 11 проценти од нив имале само едно дете.
Бројот на деца во едно семејство е сѐ помал
Статистиките на Обединетото Кралство покажуваат дека бројот на децата во едно семејство се спуштил на најниско ниво досега. Според нив, во едно семејство просечно се раѓаат по две деца.
Затоа полека, но сигурно, средните деца стануваат загрозен вид.
Трошоците за одгледување дете се зголемени
Постојат повеќе причини зошто бројот на децата во едно семејство се намалува.
Најпрвин трошоците за да одгледате дете до 18 години се зголемени за речиси 4 проценти за само една година.
Експертите исто така потенцираат дека е сè поголем бројот на милениумци што не сакаат да имаат деца.
912