Образование

Дали морбилите ќе го одложат почетокот на второто полугодие?

Министерството за образование и наука ја следи ситуацијата со епидемијата од морбили, во координација е со министерствата за здравство и за труд и социјална политика и врз основа на состојбата на терен ќе одлучи за евентуално одложување на второто полугодие од учебната 2018/2019 година, кое треба да почне на 21 јануари.

– Во целосна координација сме и со министерот за здравство и со министерката за труд и социјална политика, под чија надлежност е предучилишното образование, и сериозно ја следиме ситуацијата. Според тоа што ќе го имаме на терен, ќе преземеме мерки во пресрет на второто полугодие. Ќе биде преземено тоа што е неопходно од наша страна како надлежна институција – изјави министерот за образование и наука Арбер Адеми по посетата на ОУ „Васил Главинов“ во Чаир, кое се реконструира.

Министерот Адеми истакна дека трите министерства се координираат за изнаоѓање законско решение со кое ќе се поттикнат сите родители да ги вакцинираат децата затоа што основното образование е задолжително.
– Треба да водиме грижа и за следење на воспитно-образовниот процес во основно и за вакцинацијата на нашите деца. И во постојниот Закон за основно образование е предвидено дека при упис на децата во основно, нивните родители треба да докажат дека биле вакцинирани – рече Адеми.

Поврзани написи

Прашај психолог

Рубриката „Прашај психолог“ овозможува стручна поддршка од психолози и психотерапевти на родителите при справување и решавање одредени актуелни прашања од психолошка природа на нивните деца. На прашањата одговараат психолози и психотерапевти соработници на Деца.мк.

To top