Знаеме дека наставниците имаат голем товар и стрес во овие моменти. Се обидуваат да „жонглираат“ со новите технологии и нивните вообичаени планови за лекции. Во многу случаи, се очекува да ги одржуваат истите стандарди од пред пандемијата. Треба да бидат во тек со децата, треба да одговараат на безброј е-пораки. Никогаш не знаат кој протокол ќе биде следен. Потребен им е систем за поддршка. Тука настапува партнерот на наставникот.

Како партнер на наставник, се давам.

Мојот сопруг доаѓа од училиште – ако избрал да оди во училиштето, каде што некои од неговите колеги носат маски кои не ги покриваат носевите и одбиваат да ја почитуваат мерката за физичка дистанца. И тогаш хаосот започнува. Секогаш е лут. Нешто тргнало наопаку – морал да ги смени политиките. Не може да ги најде родителите. Не може да ги најде децата. Некогаш ги броев часовите додека тој да се врати дома, како што правеа децата. Сега, кога слушнам како  ја треска вратата, ме лазат морници. Го сакам мојот сопруг. Но дел од мене, делот кој е партнер на наставник, ги затвора очите и се стега. Тој ја треска вратата. Протоколите и политиките немаат смисла, вели. Ако ги натераат сите деца да си ги покажат лицата на „Зум“, тогаш секој ученик ја гледа внатрешноста од домот на секој друг ученик, па е очигледно кој има пари, а кој не. Ако не го сторат тоа, којзнае дали навистина се тука. Лут е поради светот каде што неговите ученици треба да ги чуваат своите браќа и сестри бидејќи родителите мора да работат, а тоа влијае врз нивното образование. Не ги обвинува децата. Но, ми пренесува сè што се случува – во детали.

Да се биде наставник е прв чекор до анксиозност

Мојот сопруг носи часовник „епл“. Му кажува кога му пристигнува е-пошта, а јас се стегам на секој звук. Дали е мајка му? Или некој администратор кој спроведува нова мерка? А како партнер на наставник, морам да слушам. Не можам да го смирам. Не можам да му помогнам. Можам само да бидам неговиот безбеден простор, каде што може да се искаже и ослободи од товарот. Јас и децата имаме добри денови со онлајн-учењето. Сè ќе биде направено како што треба. Ќе бидеме среќни, а потоа сопругот ќе ја тресне вратата. Стомакот ми се згрчува. Дали ќе биде добро расположен или не? Дали ќе биде лут на неправедниот свет, на мене – партнерот на наставникот – кој слуша? Дали ќе им вика на децата бидејќи нема трпение, бидејќи дава сè од себе, а ништо не му останува. Никогаш нема да знам.

Неговата професија ги обзема нашите животи

Нашето семејство се потпира на таткото. Тој е под голем притисок, а ние треба да му дадеме простор. Дали му треба време насамо за да лови риби? Како партнер на наставник, без разлика колку сум изморена, треба да речам: „Оди. Ќе бидеме добро“. Дали му е потребен некој да го сослуша? Како партнер на наставник, морам да го оставам тоа што го правам и да речам: „Зборувај. Те слушам“. Кога предава од дома (најбезбедната опција), јас морам да му ги тргнам децата од патот, дури и кога има пауза. Како партнер на наставник, кога ќе пристигнат е-пораки, морам да му дадам простор. Кога пораката ќе го вознемири, морам да слушам. Неодамна имав еден таков ден: ден кога ѕидовите беа претесни и кога не се чувствувате способни за ништо. Мојот сопруг отвораше електронска пошта. Го повикав. „Може да е од работа!“, се развика. „Морам да проверам секојпат и извини, но така стојат работите!“ Тоа значи да си партнер на наставник.

Да се биде партнер на наставник некогаш значи да се исцица животот од бракот

Нема дружење откако децата ќе отидат во кревет. Тој прави само неколку работи: спие. Гледа филм. Работи. Обично ги комбинира овие работи. Вообичаено не сум изморена, па останувам подоцна. Осамено е чувството да се биде партнер на наставник. Некогаш одам да спијам и кога не сум изморена бидејќи немам што друго да правам. Порано поминувавме време заедно наутро пред да се разбудат децата. Повеќе го нема тоа. Тој спие до последната минута. Не го обвинувам. Но, го мразам тоа.

Неговото училиште му ја зема целата енергија. Ако не е училиштето, тогаш е неговото семејство. Нема доволно емоционална енергија за мене. Јас престанав и да ја барам. Да се биде партнер на наставник во оваа фаза од пандемијата значи да се дава и дава сè додека немате повеќе што да дадете. Значи да ги поддржувате луѓето на кои најмногу им е потребна поддршка. Ние сме луѓето зад првите борбени линии, оние што не ги гледате: здравствените работници ги затвораат раните и ги подготвуваат војниците за борбата што ги чека утре.

На наставниците им е потешко. Но, да се биде партнер на наставник, исто така не е лесна работа.

Извор



912

X