Списокот со правила од 1968 година покажува колку е променета практиката во породилиштата од тогаш до денес. Имено, упатството за мајки од болница во Северна Каролина, САД, ги наведува општите правила, правилата за доење и две дополнителни правила за мајките кои ги хранат своите бебиња со шише.
„Ниту еден посетител не смее да остане горе или во собите додека трае доењето, вклучително и таткото“, велат правилата. На мајките им било дозволено да го држат детето само за време на доење, што значи четири пати на ден – двапати наутро и двапати навечер. „Во текот на првите 24 часа бебето да цица само пет минути“, се вели подолу.
Објаснето е и дека бебињата биле изложени од 14:30 до 15:30 и од 19 до 19:45 часот, а мајките се повикувале да не бараат да го видат бебето во ниту едно друго време. При породувањето мајките добивале инструкции. Во нив се замолувале да не пушат додека бебето е во собата, како и да не седат на кревет.
Она што најмногу ги шокирало модерните мајки е листата со забранети намирници. Имено, на доилките им се советувало да не јадат чоколадо, свежи јаболка, зелка, јаткасти плодови, јагоди, цреши, кромид или колач од кокос.