Емри е мало девојче кое е родено со ретка генска аномалија што ја остави без вид. Како што вели нејзината тетка Кејтлин Сутер, девојчето ја научило Брајовата азбука уште кога имало 4 години и сега чита над нивото за нејзина возраст.
Пред неколку месеци таткото на Емри, Џеред, почнал да ѝ ги чита книгите за Хари Потер секоја вечер. Очекувано, Емри се заљубила во сите ликови од книгите и во магичниот свет. Токму тогаш девојчето одлучило дека сака да продолжи да ги чита книгите сама. За жал, книгите „Хари Потер“ на Брајово писмо се многу скапи и не се лесни за наоѓање.
Целата ситуација ја иниспирирала тетката на Емри Кејтлин да почне кампања за собирање пари за да ги купи книгите.
– Цената е од 8 до 300 долари за една книга. Штета што сите луѓе немаат еднаков пристап до книгите – напиша Кејтлин под кампањата за собирање пари.
За еден месец Кејтлин успеала да собере 4.226 долари и да ѝ обезбеди книги на својата внука, а и да ја донира колекцијата на Брајово писмо во локалните библиотеки и училишта. Погледнете ја реакцијата на девојчето кога ги добило книгите.
912