Резултатите од едно истражување покажале разлика во вниманието кога бебето ќе го слушне мајчиниот јазик и кога ќе слушне некој друг јазик, што значи дека тие прават разлика.
Фетусите реагираат на гласот и звуците од 30. недела, според едно американско истражување објавено во магазинот АР (Аcta Paediatrica).

Како што истакнуваат научниците, во првото истражување се покажало дека пред раѓањето бебињата стануваат свесни за специфичниот звук на јазикот. Кога ќе се родат, тие се способни веднаш да го разликуваат мајчиниот од друг јазик.


Научниците дошле до тие резултати така што на бебињата им пуштале да слушаат различни јазици, меѓу кои и мајчиниот. Им била дадена цуцла поврзана со компјутер за да ги следат движењето при цицањето додека ги слушале јазиците.

Резултатите покажале разлика во вниманието кога бебето ќе го слушне мајчиниот јазик и кога ќе слушне некој друг јазик, што значи дека прави разлика.



912

X