Депресијата во тинејџерските денови и опаѓањето на менталното здравје се во пораст. Справувањето со коронавирусот е многу тешко за сите луѓе во светот, а особено за младите и тинејџерите. Падот на менталното здравје меѓу младите доведе до значително зголемување на анксиозноста и случаите на депресија. Тинејџерите и младите лица особено се изложени на ризик за време на пандемијата.

Со оглед на тоа дека училиштата речиси секаде се затворени, а тинејџерите се изолирани од своите врсници, нивното ментално здравје пати, бидејќи социјалните интеракции се важен развоен дел од таа возрасна група. Младите се загрижени за својата иднина, што доведува до зголемено чувство на немање надеж. Тинејџерите и младите лица покажуваат значителен пораст на анксиозноста и депресијата.

Вирутелните состаноци не нудат иста врска како состаноците во живо. Чувствуваат како да пропуштаат важни моменти во животот и доживуваат недостиг на сигурност за својата иднина и за работата.

Ова се 8 знаци на тинејџерска депресија на кои морате да внимавате:

Промени во расположението

Повеќе се иритираат, бесни се и се чувствуваат безнадежно. Се намалува нивната комуникација или даваат кратки одговори.

Помал интерес за образованието

Сметаат дека училиштето е губење време и дека не е важно. Се зголемува бројот на задачи, а тие одбиваат да посетуваат виртуелна настава.

Проблеми со спиењето

Тешко заспиваат или често се будат во текот на ноќта. Можеби и премногу спијат.

Тешки мисли

Имаат повторувачки тешки мисли за реални или замислени ситуации. Тие, исто така, не се во состојба да го поместат фокусот или да видат некакви алтернативни исходи.

Чувство на безнадежност

Имаат мисли или често разговараат за смртта или за самоубиство.

Промени во изгледот

Повеќе не се занимаваат со личната хигиена, како на пример туширање, основно дотерување или дури и пресоблекување.

Недостиг на интерес за друштвени врски

Ако вашето дете инаку нормално и често комуницира со пријателите, причина за загриженост би можело да биде кога ќе изгуби интерес за испраќање пораки или зборување со нив.

Промена во начинот на исхрана

Јаде нередовно. Забележливо е зголемување или намалување на консумацијата на храна, а тие поминуваат низ значителен губиток на килограми или дебелеење.

Што да се направи? Обрнете внимание на вашиот тинејџер. Разговорот за тоа како коронавирусот влијае врз нив и за нивната загриженост е многу важен. Затоа, вклучете го вашиот тинејџер во семејни активности и поттикнувајте го да разговара за чувствата речиси секојдневно. Честото и редовното поврзување со своите тинејџери и млади во текот на овие предизвикувачки времиња е важен начин за да ги поддржите вашите деца.

Автор: Моника Рамунда

Извор



912

X