Петнаесет деца од улица што минатата година го посетувале Дневниот центар за деца на улица и улични деца, оваа учебна година се вклучени во редовниот образовен процес. Дополнителни 15 деца се детектирани од мобилните тимови во текот на летниот период и тие годинава го посетуваат овој центар, каде што се подготвуваат да се вклучат во образовниот процес.

– Овде се стекнуваат со основни хигиенски навики, а има дополнителни образовни активности со цел нивна подготовка до образовен процес. Јас сум навистина среќна што може да се види дека енергијата во овој дневен центар е променета и дека кадарот го дава максимумот да ги подготви за образовниот процес. Само со вклучување во образование можеме да постигнеме одредена промена која долгорочно ќе може да се види и кај семејствата и кај децата во социјален ризик – изјави министерката за труд и социјална политика Мила Царовска, која го посети Центарот.

Сега, појасни таа, сите корисници на гарантиран приход добиваат и образовен и детски додаток за основно и средно образование со цел да се стимулираат семејствата да ги пуштат децата на училиште.



912

X