Uncategorized

Јас сум мајка на три момчиња и тоа е вистински благослов

Јас сум мајка на три момчиња. Немам ќерки. Само три прекрасни сина. Па, слушнав милион коментари како:

-Ќе се обидуваш ли за девојче?

-Три момчиња… ах… сигурно си уморна.

-Три момчиња. (Срдечна смеа.) Жал ми е за тебе…

И од сите тие ужасни клишеа, најлошо е: Синот е твој додека не се ожени. Твојата ќерка е твоја за цел живот.

Обожавам да бидам мајка на момчиња и знам дека луѓето не сакаат да бидат лоши, па коментари како овој обично не ме вознемируваат.

Сепак, неодамна слушнав коментар што навистина ме допре. Чувствував дека не можам да бидам поблагословена отколку сега, како мајка на три сина. Мојот сопруг, синовите и јас, откако пазаревме (замислете пазарење со четири мажи!), застанавме во ресторан на појадок. Главно тоа изгледа како тотален хаос. Сопругот и јас се туркаме до масата со децата, потоа настанува хаос околу нарачување, истурање сок и слично… Во еден момент, една баба ни се приближи и ми рече:

-Имате толку прекрасни деца.

Потоа се двоумеше како да се обидува да одлучи дали да каже нешто друго, па додаде:

-И јас имам три сина и многу сум среќна за тоа. Тие толку добро се грижат за мене што понекогаш мислам дека сум сигурна дека ниедна ќерка не би го направила тоа подобро.

Го кажа тоа со таква радост и гордост, а воодушевувањето во нејзиниот глас целосно ме трогна.

-Знам дека често ве прашуваат дали ќе се обидете да имате девојче и знам дека е досадно. Затоа сакав да ви пријдам и да ви кажам дека сум најсреќната на светот што имам три сина. И вие треба да бидете – ми рече таа.

Иако знаев дека моите синови се мојот најголем благослов и никогаш не страдав што немав ќерка, зборовите на оваа жена ми останаа врежани во сеќавањето. Не верувам дека уште коментари ќе можат да ме налутат или растажат. Бидејќи гледам дека и моите момчиња ќе прават неверојатни работи за мене кога еден ден ќе бидам како таа баба…

Тие веќе имаат секакви суперхеројски сили и постојано се борат со имагинарните негативци што влегуваат во нашиот дом. Знам дека тие секогаш ќе бидат мои заштитници. Јас сум нивната омилена девојка и тоа ми го кажуваат на различни начини секој ден. Колку е убаво да се знае дека секогаш ќе можете да сметате на три прекрасни мажи да ве посетат, без разлика колку сте стари и болни.

Треба да видите некои од работите што ги градат од лего-коцки или како генијално поставуваат стапици и шпионски уреди низ куќата за да знаат точно што се случува. За мене, тоа се знаци на брилијантни, идни возрасни кои ќе се грижат за својата мајка.

А енергијата што ја имаат моите момчиња? Тие сигурно имаат доволно енергија да им трае за цел живот. Дури и ако бидам нерасположена и слаба во моите стари денови, тие секогаш ќе имаат енергија да се грижат за мене.

Кога старата дама се сврти да си оди, ја задржав и ѝреков: „Ви благодарам многу!“ Разменивме погледи на разбирање што само мајките на момчиња можат да ги разберат, што нè поврза и покрај генерацискиот јаз.

Мајка на три момчиња. Да, тоа е вистински благослов.

Автор: Андријана Максимовиќ

Извор

Поврзани написи

To top