Воспитување

Ѕвездата од „Вовед во анатомија“: Воспитувањето дете со Даунов синдром беше како повторно раѓање

Многу родители на деца родени со Даунов синдром велат дека нивното дете, на кое морале да му посветат и му посветуваат посебна грижа, е она што им го направило животот сосема поинаков и прекрасен. Така мисли и Катерина Скорсоне, ѕвездата од серијата „Вовед во анатомија“.

Во „Вовед во анатомија“ таа ја игра Амелија, брилијантен хирург, која не е сигурна дали воопшто ќе има деца. Но, додека серијата пишувала едно сценарио, нејзиниот живот пишувал сосема поинаква приказна. Актерката Катерина Скорсоне е мајка на Пипа, која е родена со Даунов синдром. Неодамна Катерина зборувала за нејзиниот животен пат со ќерката Пипа во емисијата „Добро утро Америка“.

„Раѓањето на Пипа ме натера да размислам за сè околу љубовта“, рекла Скорсоне. „Тоа на крајот беше како почеток на животот за мене, еден вид преродба, како и нејзиното раѓање. Имав можност повторно да откријам сè за тоа каков е мојот живот, каков е нејзиниот живот… И сè се претвори во живот кој имаше многу повеќе текстура и беше многу повеќе обоен, па и го ценев многу повеќе“. Освен Пипа, Катерина има уште две ќерки.

Скорсоне често зборува за Дауновиот синдром на социјалните мрежи и во секоја пригода бидејќи смета дека е многу важен. „Има толку многу претпоставки што ни се всадени во културата, дека секој треба да изгледа на одреден начин“, вели таа, нарекувајќи го тоа „поедноставена“ перспектива. Катерина ја користи секоја можност да ги повика луѓето да престанат да сакаат само одредено дете и да сметаат дека различното не е доволно добро. „Можеме да почнеме да учиме како да се сакаме едни со други, а и себеси“, рекла Скорсоне.

Таа на социјалната платформа „Инстаграм“ ги повика сите да се „разбудат“ во врска со прашањето за лицата со посебни потреби. Имено, во некои земји, уште од 80-тите, октомври сè уште се смета за месец во кој се шири свеста за Дауновиот синдром, па на тоа беше посветена и нејзината најава.

„Има тешки денови, но тешките денови не се поради Дауновиот синдром: тие се само тешки затоа што нашата култура и општество не функционираат добро кога станува збор за правичноста“, напишала таа. „Нејзините потреби се специфични. Тие не се посебни. Тие се само нејзини. Нашата култура не нѐ научила доволно да се сакаме себеси за да знаеме дека сите наши потреби се специфични“.

Скорсоне често им дава совети на другите кои добиваат неочекувана дијагноза велејќи им: „Најдете ја вашата заедница. Барајте мајки, татковци и семејства“.

Автор: Наташа Крстичевиќ

Извор

Поврзани написи

Прашај психолог

Рубриката „Прашај психолог“ овозможува стручна поддршка од психолози и психотерапевти на родителите при справување и решавање одредени актуелни прашања од психолошка природа на нивните деца. На прашањата одговараат психолози и психотерапевти соработници на Деца.мк.

To top