Воспитување

Погледнете зошто училишните ранци во Јапонија се многу скапи

Некои ранци може да достигнат цена од 800 долари.

И покрај нивниот едноставен изглед, овие училишни ранци се направени со повеќе од 150 материјали и поминуваат низ повеќе од 300 чекори пред да бидат рачно доработени од мајстори.
Имаат рефлектирачки линии со цел возачите на автомобили подобро да ги гледаат децата кога се движат на улица.

Имаат ергономичен дизајн за да се намали притисокот врз грбот на децата. Во случај на земјотрес, дел од ранецот може да се искористи како заштита за главата, додека, пак, ако детето падне во вода, ранецот е дизајниран да го држи на површината.

Во ранците има вградено и ГПС-следач, па на тој начин родителите може да следат каде се движи нивното дете.

Ранците имаат рок на траење од 6 години, а ако се појави некој проблем, родителите може да се јават кај производителот за поправки – и тоа бесплатни.

Извор

Поврзани написи

Прашај психолог

Рубриката „Прашај психолог“ овозможува стручна поддршка од психолози и психотерапевти на родителите при справување и решавање одредени актуелни прашања од психолошка природа на нивните деца. На прашањата одговараат психолози и психотерапевти соработници на Деца.мк.

To top