Игротека

Зошто третата бременост не е шега – од аголот на една мајка

– Официјално, бремена сум. Го знаев тоа уште пред да се појави линијата на тестот за бременост. Ова е моја трета бременост во период од три години и чувствувам како отсекогаш да сум била бремена.

Некои жени сакаат да бидат бремени. Јас? Не сум сигурна во тоа. Ако уште една личност ми каже да уживам во бременоста, ќе ја удрам со тупаница во лицето – пишува мајката Ешли Вилкининг во нејзиниот искрен преглед на својата трета бременост.

– Како некој ужива во бременоста? Вашето тело не е ваше и не можете да го доживеете најдоброто во животот. Од вас се очекува да следите долга листа со правила и прописи. Алкохол? Не. Кофеин? Само во умерени количини. Риба? Одредени видови. Сите добри лекови не смеете да ги користите. Листата продолжува и продолжува. Освен тоа, зафатена сум со две мали деца, така што не можам ни да се обидам да уживам во бременоста – продолжува блогерката.

Првата бременост – сите ве галат, а вие се одмарате

Ново. Слатко. Возбудливо. Сите ве галат, преплавени сте од комплименти и сите ви кажуваат дека блескате. Ве охрабруваат да се одморите. Никој не ви дозволува да кренете прст од страв да не претерате. Религиозно ја следите бременоста преку многу апликации. Знаете точно во која недела сте и кое овошје може да се спореди со големината на вашето бебе. Не можете да си помогнете, туку се гледате во секое огледало со надеж дека ќе го фатите стомакот како расте.

Втората бременост – брзате бидејќи се грижите за поголемото дете

Луѓето и понатаму се загрижени, но не толку екстремно како првиот пат. Понудите за помош и понатаму стојат, но ги има помалку. Брзате затоа што се грижите за вашето прво дете, но сепак наоѓате време за себе. Малку е потешко да го скриете стомакот, расте побрзо од првиот пат. Возбудата за брзо време се претвора во исцрпеност.

Третата бременост – каде се сите?

Каде се сите? На никој не му е гајле. Нема семејство и пријатели. Иако ви треба помош сега повеќе од кога било, нема понуди. Немате време за себе и немате надеж за спиење. Премногу сте зафатени затоа што трчате по две мали деца. Единствената опција е да продолжите понатаму. Кога некој ќе ве праша која недела сте, немате идеја, но некако успевате да се сетите на терминот и да го кажете тој датум. Ако навистина сака да знае, нека брои. Бременоста се гледа од самиот почеток. Ја загубивте целата функција на мочниот меур, постојано мора да одите во тоалет без разлика дали кивате, се смеете или само затоа што морате.

На крајот на третиот триместар, ја загубив волјата да се грижам за себе. Не бев особено заинтересирана за тоа како изгледам. Ако нешто одговара, ќе го носам. Апостолките се секогаш модерни. Лесно се ставаат и не трошам енергија на облекување чорапи. Ништо цврсто. А мојата коса? Не се сеќавам кога последен пат ја носев пуштена. Неуредна опашка, но не онаа што е шик.

Преголема сум за функционирање

Преголема сум за сѐ. За облека. За удобност. За стоење. За седење. За трчање. Преголема за живот. Ако нешто ми падне, морам стратешки да размислам како да го земам. Има некои ситуации кога решавам да ја искористам својата скапоцена енергија и да одлучам да земам нешто од подот, но поради тоа би можела да останам долу засекогаш затоа што не сум сигурна колку време ми треба за да се кренам.

Ќе го оставам гневот настрана, благословена сум и никогаш не би го зела животот здраво за готово. Бог ми го даде најголемиот подарок, наскоро три неверојатни деца и не можам да бидам посреќна.

Извор

Поврзани написи

Прашај психолог

Рубриката „Прашај психолог“ овозможува стручна поддршка од психолози и психотерапевти на родителите при справување и решавање одредени актуелни прашања од психолошка природа на нивните деца. На прашањата одговараат психолози и психотерапевти соработници на Деца.мк.

To top