Тензијата во односите меѓу свекрвата и снаата е честа појава и неретко доведува до поголеми конфликти. Иако многумина можеби ќе речат дека стереотипните ставови по однос на ова прашање не се во голема мера применливи, несогласувања сепак постојат, а македонското општество не е исклучок. Всушност, овде ваквите неурамнотежени односи се секојдневие. Но, зошто свекрвите не ги сакаат снаите?
Вистинските причини за ова влечат корени во историјата на еволуцијата:
Не сте соодветен партнер, според родителите на сопругот/сопругата
Има многу причини поради кои сте го одбрале токму тој човек или таа жена за сопруг/сопруга: физичка привлечност, интелигенција, смисла за хумор, поддршка и разбирање итн. Но, кога станува збор за родителите, тие разгледуваат други критериуми за потенцијален партнер на своето дете: семејната историја, финансиската стабилност, религиски погледи и сл. Изборот на партнерот може да не им се допадне на родителите уште на почеток и тоа е пречка за воспоставување добри понатамошни односи.
Премногу сте атрактивни
Едни од најголемите конфликти меѓу возрасните „деца“ и нивните родители се поврзани со надворешниот изглед. Според еволутивната теорија, бараме атрактивни партнери за да обезбедиме добри гени при создавање потомок. Но, родителите може да имаат одредена одбивност кон лица што се поатрактивни. Еволутивната теорија објаснува дека жените што се поатрактивни од своите партнери повеќе размислуваат да ја напуштат врската и се позаинтересирани за други мажи, а помалку е веројатно поатрактивните мажи да се грижат и да инвестираат во семејството.
Мајките на мажите може несвесно да ги обесхрабруваат долгите врски
Еволутивно, мажите и жените имаат создадено различни стратегии за спарување за да се осигурат дека нивните гени ќе преживеат низ генерациите. За мажите е најдобро (од еволутивен аспект) да имаат помалку кратки врски со различни жени за нивниот генски материјал да се рашири што повеќе. Жените немаат бенефит од истата стратегија, туку им треба партнер што долгорочно ќе се грижи за потомокот. Тензијата меѓу снаата и свекрвата може да е резултат и на несвесната желба на мајката да му помогне на синот да го „рашири семето“. Во обратниот случај, мајката на својата ќерка треба ѝ да помогне да го одржи бракот со својот партнер (зет на мајката). Последователно, односите меѓу мајката на ќерката и зетот се подобри отколку оние меѓу свекрвата и снаата.
Борба за ресурси и внимание
Еволутивно, ако во едно семејство неколку жени истовремено носат потомок, помалку е веројатно тој да преживее поради ограничените резерви на храна. Конфликтот со свекрвите е можно да настанал поради натпревар за ресурси меѓу жените и снаата. Денес ова е ретко, но свекрвите сè уште се натпреваруваат за времето и вниманието на своите синови, а некои истражувања покажале дека тие се всушност загрижени дека нивното дете ќе ги исклучи од својот живот кога ќе најде партнерка.
Најдобриот начин да избегнете конфликти е да докажете дека сте добар избор за партнер и дека се грижите за тој човек, кој воедно е нечиј син, или за партнерката – која е нечија ќерка. Ако сè уште не сте во брак, контактите „еден на еден“ може да придонесат за подобри односи, но ако несогласувањата продолжат, мора да го ставите бракот на прво место: лицата што се поддржувани од сопружниците во овие конфликти имаат поубави бракови.