Мајката Тајлер Глидн ја раскажува својата приказна за тоа колку ѝ помогнало тоа што била средно дете да биде подобар родител за своите деца.
Целосно се согласувам со фактот дека средното дете има потенцијал да биде покреативно и погласно кога станува збор за неговите потреби. Секогаш сум ги користела можностите да се ставам себеси во центар на вниманието.
Искрено, воопшто не е лошо да се биде средно дете. Ми се чини дека има многу предности подоцна во животот. Да се биде во средина е одлична работа. Тоа ме научи на некои поважни лекции и перспективи што ми помогнаа да бидам подобар родител.
1. Ја сфаќам потребата за емпатија
На самиот почеток на родителството научив колку е важна емпатијата. Експертите покажаа дека средните деца обично се многу поемпатични. Таква беше ситуацијата и со мене. Кога си во средина, тогаш имаш постар брат или сестра што за тебе се модел, додека оној помладиот го учиш ти. Така научив важни лекции и перспективи што ми помогнаа да бидам многу подобар родител.
2. Секогаш охрабруваме споделување
Средните деца се одлични во споделување работи. Иако кратко време сум мајка на две деца, веќе гледам колку сум им ја всадила важноста на споделувањето. Беше потешко со постарото дете да се навикне на тоа дека повеќе не е само. Сепак, сега делат работи, а сигурна сум дека во тоа ми помогна тоа што сум средно дете.
3. Лесно се приспособувам и креативна сум
И со ова експертите целосно се согласуваат. Тоа има смисла, бидејќи средните деца секогаш наоѓаат уникатни начини да се истакнат. Брзо научив колку приспособувањето и креативноста се важни во родителството. Тоа е од огромна важност особено во време кога сите сме дома и се обидуваме да најдеме начини да ги анимираме децата, да ги научиме на некои работи.
4. Имам способност да преговарам
Средните деца се дефинитивно најдобри преговарачи кои се обидуваат да воспостават мир. Да бидеме искрени, како родител имаме задача постојано да одржуваме мир во домот.
5. Знам колку е важно вниманието
Ако сте средно дете кое често се чувствувало игнорирано во детството, сосема е разбирливо да се потрудите повеќе внимание да му посветите на секое дете. И сами сфаќате како е да се биде надвор од некои работи, па сигурно ќе ги вклучувате децата во речиси сите активности.