Воспитување

Зошто „Сам дома“ е најдобриот празничен филм

Од 1990 година „Сам дома“ е врежан во мојот мозок. Се сеќавам дека го гледав во нашата дневна соба, кога имав седум години. Кога Кевин Мекалистер (улогата ја толкува Меколи Калкин) ги надмудри Хари и Марв, се чувствував моќно, како да можам да го направам истото и покрај мојата возраст и големина. Две години подоцна, седнав во кино кога Кевин ја користеше кредитната картичка на неговиот татко за да го плати луксузот кој го искусуваше во „Сам дома 2“. Уште еднаш се чувствував како светот да е мој за истражување. Тие станаа мои омилени филмови за релаксирање, а сега ги гледам и со моите деца.

Има нешто магично во гледањето филм што го сакам со моите деца. Гледајќи ги како се смеат на истите бесценети сцени и одговараат на ликовите на начини на кои јас некогаш сум се чувствувала, ме исполнуваат. Моите деца го гледаат филмот уште од три и шест години возраст. Она што некогаш беше моја детска празнична традиција, сега стана наша. Секоја година, додека воздухот станува остар и првиот мраз ја покрива тревата во бела боја, се собираме во нашата дневна соба за да го гледаме Божиќ што го слави семејството Мекалистер. Без разлика колку пати сме ја виделе главата на Хари која е во пламен или Марв како се спушта по ледените скали, едноставно никогаш не е доволно.

Како дете се гледав себеси во ликот на Кевин. Забавувајќи се, тој ги претвори лошите ситуации во сон на секое дете. Години подоцна, ликот на Кевин го имаше истото влијание врз моите синови.

Направете план

Кевин ги научи моите деца за важноста на планирањето. Моите малечки го користеа борбениот план на Кевин како водич за да ги мапираат нивните сопствени предлози, за победа над Хари и Марв. Од играчки автомобили на подот до шајки што стрчат од скалите, цртежите на нивниот борбен план не се ништо помалку од генијални. Гледањето на „лошите момци“ како жртви на замките на Кевин не е само забавно, туку и целосно хистерично. Иако моите синови немаат лоши момци за „уривање“, тие го одржуваат жив духот: „Ова е мојата куќа – морам да ја бранам“, најавуваат тие.

Останете креативни

Кевин ја промовира креативноста. Во 1992 година сите сакавме да нарачаме храна за носење, да резервираме соба во хотел и да тргнеме на одмор без родителите. Во домот на неговиот вујко во Њујорк, кој во моментот се реновираше, тој ги претвори секојдневните градежни материјали во корисни реквизити за заштита. На секој агол иновацијата на Кевин го спасуваше денот.

Доживотни лекции

Како „Сам дома“ да не остави доволно влијание врз нашата младина, па исто така ја научи и на моќта на зборовите. „Посакувам сите тие едноставно да исчезнат“, изјавува Кевин во момент на фрустрација. Следното утро, тој открива дека неговите зборови се оствариле. Додека го процесира исчезнувањето на неговото семејство – од првично ценење на неговата независност до откривањето – дека тие навистина му недостигаат. Важно е децата да ги ценат своите сакани!

Во „Сам дома 2“, Кевин дава одличен пример зошто не треба да судиме некого според неговиот изглед – витална лекција за секого. Додека дамата со гулабите првично го плаши, тој брзо сфаќа дека изгледот може да измами. Ако на сите овие гулаби им се допаѓа, таа веројатно не е толку страшна, заклучува Кевин. Тоа е совршен пример за прифаќање и како две лица можат да бидат позитивноста што им е потребна во моментот.

Како мајка, гледањето на овој филм е сосема ново искуство. Никој не би оставил дете, си мислев кога бев малечка. Но, како мајка на две деца, го чувствувам притисокот кој тлее врз рамената на Кејт Мекалистер. Работата на мајката е сеопфатна и кога семејството оди на одмор, обврските се множат.

Гледањето на „Сам дома“ со моите деца ме носи на врвно носталично патување, додека им ги претставувам најдобрите филмови од 90-тите. Тоа е совршен начин да поминеме заедничко зимско попладне, за време на празничната сезона.

Автор: Линдзи Карп

Извор

Поврзани написи

Прашај психолог

Рубриката „Прашај психолог“ овозможува стручна поддршка од психолози и психотерапевти на родителите при справување и решавање одредени актуелни прашања од психолошка природа на нивните деца. На прашањата одговараат психолози и психотерапевти соработници на Деца.мк.

To top