Ако сте првородено дете, тоа во основа значи дека сте експерименталното дете. И понекогаш да се биде првороден е многу тешко затоа што повремено ќе сакате да ги немате сите обврски што доаѓаат со таа титула. Но, студиите покажуваат дека на крајот тоа ќе се исплати.
Две студии – една од Националното биро за економски истражувања и друга од Институтот за социјални и економски истражувања (ISER) – разгледале како редоследот на раѓање влијае врз способноста за успех. Но, ISER оди чекор понатаму и открива дека првородените жени се оние што имаат поголема веројатност да успеат.
Еве ги главните наоди што покажуваат како првородените деца имаат поголема веројатност да успеат, особено девојчињата.
Првородените деца напредуваат повеќе на училиште.
Студијата од Националното биро за економски истражувања покажа дека првородените деца се подобри во училиште отколку нивните помали браќа и сестри. Што точно ја прави оваа разлика? Очигледно, сѐ зависи од тоа како родителите се однесуваат кон првородените. Истражувачите забележале дека ограничувањата на родителите за нивните деца стануваат сè помали според редоследот на раѓање на децата. Како резултат на тоа, училишниот учинок на помладите браќа и сестри опаѓа со редоследот на раѓање. Во текот на студијата родителите биле прашани како би реагирале доколку нивните помлади деца донесат лоши оценки дома, а тие рекле дека е помала веројатноста да ги казнат, додека првородените ги казнувале. Изгледа малку нефер. Но, она што не ве убива ве прави посилни, нели првородени?
Поконкретно, првородените девојчиња имаат поголема веројатност да успеат.

Интересно е што истражувачите откриле дека првородените девојчиња се најамбициозните и најуспешни деца во семејствата. Студијата спроведена од Фејфеи Бу и нејзините колеги испитала 1.503 групи на браќа и сестри во кои имало 3.552 лица. Оваа студија покажала дека најстарите ќерки имаат дополнителни 4 отсто поголеми шанси да продолжат со високо образование отколку најстарите синови. Откриле и дека најстарото дете е за 7 проценти поамбициозно од децата родени подоцна. Студијата заклучува дека првородените девојчиња имаат 13 отсто поголеми шанси да се стремат кон високо образование отколку првородените момчиња.
Автор: Никол Вивер