За првачињата, тргнувањето на училиште е нова социјална улога, како и нова социјална средина која им ја доделува животот. Во тој процес некои ученици полесно, некои потешко ќе се адаптираат на новата средина, а пак кај некои деца може да се јави силен отпор и негодување да се тргне или да се влезе низ училишните врати.

Во тој контекст би споменала најчести причини поради кои првачињата одбиваат да одат на училиште:

Адаптација кон новата средина како стресоген фактор кој влијае ихнибирајќи многу психолошки сили кај детето кои дотогаш ги изградило, но поради возраста, сѐ уште не се интегрирани и зацврстени во неговиот персоналитет.

Адаптација во нова социјална улога – ученик, која претставува тестирање на социо-емоционален личносен систем кај детето, како и односот и почитта кон авторитети. Овде извор на стрес може да биде различен воспитен стил родител-учител со кој детето ќе се сретне.

Сепарациона анксиозност кога детето стравува да се одвои од родителот бидејќи го перципира како единствена фигура со која може да биде сигурно и безбедно, односно има недоверба кон надворешниот свет. Тоа е дете кое на влез во училиштето одбива да влезе, припиено е за родителот, плаче и тешко може да се воспостави контакт.

Училишна анксиозност, која се базира на страв од неуспех, страв од грешка каде што детето покажува вознемиреност уште при подготовките во домот, соматизира, се жали на болки во стомак, главоболки и слично, одбива да биде во средината која ја доживува како закана и стрес.

Елективен мутизам или состојба во која детето покажува молчаливост, некомуникативност со возрасни и врсници, тоа е дете кое има уреден развој на говорен апарат, но поради таквата изолираност, често околината има чувство дека детето гледа во празен простор и е отсутно.

Врсничко насилство како ивор на токсични релации и комуникации меѓу врсниците кои го нарушуваат личносниот систем на детето и ја прават училишната средина небезбедна, непријатна, несигурна.

Авторитарен учителски стил, кој создава ригидна училишна клима со што го оневозможуваат развојот на автономијата кај детето без да се оддаде поддршка и да се валидира неговата личност.



912

X