На социјалната мрежа „Тик-ток“ веќе некое време е популарен новиот тренд со хаштаг #eggfreezeingjourney и надмина над 32 милиони прегледи.

Млади девојки кои припаѓаат на генерацијата З ги користат социјалните мрежи за да ги поканат другите жени на иста возраст да се одлучат за процедурата за замрзнување јајца. Иако не се знае колку жени на возраст од дваесеттина години одлучиле да се подложат на оваа процедура, околу 1.363 лица помлади од 34 години поминале барем еден циклус на замрзнување јајце-клетки во Велика Британија.

Се смета дека бројот на жени што се одлучиле за замрзнување на јајце-клетките се зголемил за време на ковид-пандемијата, бидејќи многумина стравувале дека им снемува време да имаат дете. Но, членовите на генерацијата З имаат други причини кои ги откриваат на „Тик-ток“.

@sugarplumgoth egg freezing slay ??? #grwm #eggfreezing #20somethings #dontbescared#luckiestgirlintheworld #girlythings #ootd #fitcheck #Inverted ♬ Lucky Girl – Carlina

– Одлучив да ги замрзнам јајце-клетките. Ситуацијата не е баш најдобра. Не сакам да се омажам со никого. Имам високо подигнати стандарди. Не сакам да се грижам за мојот биолошки часовник. Сè уште сум во моите дваесетти, но сакам да го направам тоа сега додека имам шанса. Ова е необичен процес, но се чувствувам одлично што го правам ова и што не треба да се грижам за тоа подоцна. Еден ден ќе можам да имам деца под сопствени услови – објаснува 27-годишната Џеса Чои од Њујорк.

@nottiffzhu Replying to @kelseyeriin #greenscreen ♬ original sound – Tiffany Zhu

– Имам 28 години, стабилна врска имам, одлична кариера. Но, одлучив да ги замрзнам јајце-клетките бидејќи не можете да ја предвидите иднината, но можете да влијаете врз неа. Ова е најдобрата одлука што ја донесов во моите дваесетти. Четиринаесет дена инјекции и силна надуеност, но сега сум ослободена од биолошкиот притисок на времето. Треба да се грижиме за плодноста порано, во нашите 20-ти, а не кога ќе се појават проблеми – вели њујорчанката Тифани Жу.

– Го направив ова за да си купам време, затоа што прво сакам да бидам успешна на професионално поле – вели 25-годишната Шања Бопа.

Иако медицината напредна и замрзнувањето на јајце-клетките им помогна на многу жени да станат мајки, експертите за плодност предупредуваат дека тоа „не мора да гарантира“ плодност и дека многу клиники „имаат мало или никакво искуство со процедурите за замрзнување јајце-клетки“.

– Постојат многу придобивки од замрзнувањето на јајце-клетките и технологијата постигнува одлични резултати во повеќето центри за ин витро. Но, би ги советувал жените од генерацијата З да не брзаат да ги замрзнат јајце-клетките бидејќи сѐ уште се многу млади, а замрзнувањето на јајце-клетките вклучува процедура за стимулација на јајчниците која има свои ризици. Замрзнувањето на јајце-клетката не е гаранција за плодност, а најдобриот начин за создавање семејство е сепак природно, бидејќи повеќе од 80 отсто од хетеросексуалните парови ќе забременат по 12-месечно обидување – вели д-р Јинг Чеонг, експерт за репродуктивна медицина на Универзитетот во Саутемптон.

Извор



912

X