Здравје

Зошто прееклампсијата во бременоста е опасна?

Прееклампсијата е сериозно нарушување во бременоста, кое се карактеризира со висок крвен притисок и појава на протеини во урината. Иако точната причина сè уште не е позната, единствениот сигурен лек е породувањето.

Кои жени се во ризик?

Оваа состојба најчесто се јавува во првата бременост и по 20. гестациска недела. Ризикот е поголем кај жени кои:

  • Имаат хронично висок крвен притисок;
  • Имале прееклампсија во претходната бременост;
  • Имаат прекумерна телесна тежина;
  • Носат повеќе од едно бебе;
  • Се помлади од 18 или постари од 40 години;
  • Имаат дијабетес, ревматоиден артритис или друг автоимуни нарушувања.

Како да ја препознаете прееклампсијата?

Прееклампсијата се развива постепено, а може да биде поврзана и со претходни бубрежни проблеми. Карактеристични симптоми се:

  • Значително зголемување на телесната тежина;
  • Висок крвен притисок;
  • Намалено излачување урина;
  • Појава на протеини во урината;
  • Отекување на нозете, лицето и долниот дел од телото.

Кога состојбата станува критична?

Во напредната фаза симптомите стануваат поизразени.

Бремената жена може:

  • Да се чувствува уморно и исцрпено;
  • Да има главоболки и зуење во ушите;
  • Да има нарушен вид;
  • Да е нервозна и раздразлива;

Овие симптоми бараат итна медицинска интервенција бидејќи прееклампсијата може да премине во уште поопасна состојба – еклампсија.

Што може да се направи?

Контролата на исхраната, особено намалувањето на солта, редовното мерење на крвниот притисок и следењето на количината и составот на урината се клучни за управување со оваа состојба. Ако имате сомневање за прееклампсија, веднаш консултирајте се со лекар!

Извор

Поврзани написи

Прашај психолог

Рубриката „Прашај психолог“ овозможува стручна поддршка од психолози и психотерапевти на родителите при справување и решавање одредени актуелни прашања од психолошка природа на нивните деца. На прашањата одговараат психолози и психотерапевти соработници на Деца.мк.

To top