Здравје

Зошто празнините меѓу млечните запчиња не се причина за грижа, туку предност?

Празнините меѓу млечните заби кај малите деца во поголемиот дел од случаите не се причина за загриженост. Всушност, тие се пожелни затоа што укажуваат дека во вилицата има доволно простор за трајните заби што подоцна ќе никнат.

Во поголемиот број од случаите празнините меѓу млечните заби не се причина за загриженост.

Зошто празнините меѓу млечните заби се добра работа?

Експертите за орално здравје објаснуваат дека празнините меѓу млечните заби се важни затоа што:

  • Оставаат простор за поголемите трајни заби што ќе никнат;
  • Го намалуваат ризикот од пренатрупаноста на забите и потребата од протеза во иднина;
  • Можат да укажат на добро развиена вилица.

А што ако нема празнини?

Челси Ѓелум, експерт за орофацијална миофункционална терапија, објаснува дека недостигот на празнини меѓу млечните заби може да биде знак за неколку потенцијални предизвици:

  • Недоволно развиена вилица;
  • Недостиг на простор за трајните заби, што може да предизвика натрупување и неправилно никнување;
  • Недоволно развиени дишни патишта;
  • Неправилна функција на јазикот и положба на јазикот.

Затоа, иако можеби ни се чини дека малите празнини се „грозни“ или загрижувачки, тие се всушност природни и корисни.

Кога треба да се посети стоматолог?

Секако, ако сте загрижени поради изгледот или развојот на забите кај вашето дете, секогаш е најдобро да се обратите кај стоматолог. Тој најдобро ќе процени дали сè е во ред или е потребно дополнително следење.

Извор

Поврзани написи

To top