Воспитување

Зошто одењето во градинка е важно за развојот и иднината на детето

Одењето во градинка е првиот пат кога детето наидува на средина во која се спроведува структурирано учење и останува во поголеми групи. Сè што дотогаш совладало, детето го научило од родителите и од поширокото семејство преку имитација и набљудување.

Но, во градинка е сосема поинаку. Детето е изложено на различни активности за учење во поголем тим, а особено е нагласена важноста на социјализацијата поради неговиот престој во тимот. Сите вештини што ги учи се многу важни за неговата благосостојба подоцна во животот.

Социјализацијата е веројатно најголемата придобивка од одењето во градинка бидејќи токму преку стекнување ставови и системи на вредности се создава основата за емоционалниот и интелектуалниот раст на детето. Воспитувачите и другите експерти знаат дека социјализацијата е клучот за успехот, и на лично и на социјално ниво.

Социјализацијата како главна предност на градинката

Ако детето е добро приспособено на врсничка група, полесно ќе учи, ќе ги совлада знаењата и вештините, ќе соработува, ќе наоѓа пријатели и поддршка во нив, но и ќе стекне самодоверба. Истражувањата покажуваат дека добро социјализираните деца се поопуштени и посамоуверени од оние што немаат големо искуство да бидат во група. Но, социјализацијата не е единствената придобивка што ја носи градинката. Постои и создавање на основа за подобар успех во училиштето. Имено, со поттикнување на социјално-емоционалната компетентност, како и дисциплина, кај детето се градат љубопитноста и мотивацијата за учење.

Студија на научниците од Универзитетот во Оксфорд, спроведена на оваа тема, покажала интересни резултати. Имено, децата што оделе во градинка имале многу подобри оценки и поголем успех на училиште од оние што биле чувани од баби или дадилки дома.

Факт е дека, покрај новите знаења и вештини, градинката ги подготвува децата за новите рутини кои ги очекуваат на училиште и подоцна во животот. Тие се првенствено функционирање во група, интеракција на одредена задача и заеднички активности со нивните врсници. Основните рутини развиени во предучилишна возраст може да бидат исклучително важни за подоцнежниот успех на детето, како што докажува гореспоменатото истражување.

Извор

Поврзани написи

Прашај психолог

Рубриката „Прашај психолог“ овозможува стручна поддршка од психолози и психотерапевти на родителите при справување и решавање одредени актуелни прашања од психолошка природа на нивните деца. На прашањата одговараат психолози и психотерапевти соработници на Деца.мк.

To top