Во раните 90-тити години наградуваниот наставник Џон Тејлор Гато со своето писмо „Мислам, значи давам отказ“ се отвори и кажа што мисли за американскиот образовен систем.
Неговата причина била едноставна. Повеќе не можел да го оправда она што децата го учеле: збркани поими, хиерархија, произволна правда, вулгарност, безобразност, непочитување на приватноста, рамнодушност кон доблестите и целосна зависност. Според Гато, овој систем ги претвора децата во роботи без мозок.
Во својата книга „Подземната историја на американското образование“, Џон Тејлор Гато набројува неколку начини на кои образованието создава „празни“ деца:
1. Надгледување на децата секоја минута од утро до мрак. Децата немаат приватност, ниту момент мир. Целото време им е исполнето со заеднички активности. Однесувањето постојано им се оценува.
2. Навикнување на уреди и електронски екрани. Децата ги учиме дека тие се извор на забава.
3. Од младите животи се исфрлаат сè повеќе приватни ритуали, на пример, приготвување јадење и семејни оброци.
4. Децата постојано се оценуваат, вреднуваат и проценуваат, уште од мали нозе. За веднаш да знаат кому каде му е местото.
5. Оддавање почест на одличните ученици. Така, оценките и успесите во реалниот живот се држат одвоено едни од други, се создава класа на лажна меритрократија, зависници од авторитет. Истовремено, најнезависните деца се туркаат кон маргините.
6. Пренесувањето корисно знаење не е дозволено – децата не ги учиме како се гради куќа, како се поправа автомобил или како се шие фустан.
7. Сите важни функции на семејството се укинуваат, па домот станува нешто повеќе од спална соба. Родителите се претвораат во државни службеници кои ги надгледуваат децата и се грижат тие да пораснат во согласност со официјалните планови.
912