Игротека

Зошто некои жени се здебелуваат по породувањето

Истражувачите откриле дека повеќето жени никогаш не се вратиле на телесната тежина што ја имале пред бременоста и породувањето.

Зголемувањето на телесната тежина по бременоста отсекогаш било предмет на многубројни дебати, но заклучоците досега биле без научни одговори и потврди. Ако сте се запрашале зошто некои жени добиваат тежина по бременоста, неодамнешното истражување има одговор на тоа прашање.

Според едно ново истражување, зголемувањето на телесната тежина по бременоста може да биде резултат на начинот на живот, кој вклучува мајка која јаде сè што останува и поминува повеќе време во седечки активности, како што се читање или гледање филмови со децата, велат научниците.

Олга Јакушева, вонреден професор на Универзитетот во Мичиген во САД, почнала да ја истражува споредбата на тежината на жените со деца и оние без деца. Во истражување спроведено на речиси 30.000 жени што родиле помеѓу едно и четири деца, истражувачите откриле дека повеќето жени никогаш не се вратиле на тежината што ја имале пред бременоста по породувањето.

Сепак, нивната тежина во периодот од една до две години по раѓањето била речиси идентична со тежината што мајките очекувале да ја покаже вагата ако не родиле деца. Сепак, кога нивните деца влегуваат во претшколска возраст, мајките почнуваат да добиваат тежина побрзо од жените што немаат деца.

Типичното зголемување на телесната тежина кај жените е 1,94 килограм годишно, а истражувачите откриле дека жените што имаат деца се здебелуваат дополнителни речиси половина килограм годишно. Причината поради која многу мајки добиваат поголема тежина е резултат на нивниот животен стил, вели Јакушева.

– Мајките имаат тенденција да ги ставаат потребите на своите деца пред нивните потреби. Затоа, многу мајки не вежбаат и не се грижат за себе – вели Јакушева.

Покрај тоа, зголемувањето на телесната тежина, според истражувањето, е резултат на седентарен начин на живот и седечки активности, како што се гледање телевизија или читање. Но, овие откритија не треба да ги обесхрабруваат мајките. Како што истакнува Јакушева, најважно е жените да се здрави.

Извор

Поврзани написи

To top