Дали се сеќавате на моментот кога падна првиот заб на вашето дете? Некои родители ги чуваат запчињата на децата откако ќе им паднат. Иако ова звучи чудно, а мислењата на науката се поделени, има научна причина зошто можеби тоа треба да се направи.

Чување на забите за дентални клетки

Една од причините зошто да се сочуваат запчињата е поврзаност со идното здравје на детето. Научниците препорачуваат да се зачувуваат запчињата за од нив да се извлечат дентални матични клетки. Подоцна тие клетки можат да спасат нечиј живот.

Што се дентални клетки и како да ги зачуваме?

Нашето тело е изградено од клетки на истиот начин на кој куќата е изградена од цигли. Клетките се поделени во 3 различни групи и секоја има посебна функција. Матичните клетки се млади клетки што подоцна се развиваат во една од овие групи. Крвните клетки растат и се развиваат во сунѓерест дел од коската наречен коскена срцевина. Матичните клетки може да се земат од забите, како што можат и од другите делови од коските. Запомнете, забите треба да бидат соодветно складирани за да бидат корисни. Лекарите и научниците користат технологија за да ги зачуваат и подоцна да произведуваат матични клетки.

Како може да ви помогнат

Матичните клетки може да произведат секаков друг тип клетки во вашето тело. Така, може да ги заменат оштетените клетки. Истражувањата покажуваат дека матичните клетки може да помогнат во борбата против канцерот. Се спроведуваат студии за да се сфати потенцијалот на матичните клетки кога станува збор и за третман на други болести, на пример, срцева инфекција. Запомнете дека некои студии може да завршат неуспешно, а вие треба да бидете сигурни дека лекарите во клиниката се вистински професионалци. Ако ви е препишана терапија со матични клетки, разгледајте ги можните ризици што ги опишува Интернационалното здружение за истражувања на матични клетки. Тие обезбедуваат листа со прашања што би требало да му ги поставите на лекарот пред да почнете со третманот.

Бонус: поттикнете ја креативноста на вашето дете со неговите запчиња.

Можете да ги задржите запчињата на децата за подоцна да ги користат во научни проекти. Секој иден гениј треба да почне од некаде. Експериментирајте заедно со влијанието на кафето, шеќерот или газираните пијалаци врз бојата и густината на забот. Ако не сакате да ги зачувате запчињата, едноставно фрлете ги или закопајте ги во градината.

Извор



912

X