Воспитување

Зошто не треба да се охрабрува бебето да стои? Експерт предупредува за можните последици

Кога бебето прави нов „голем чекор“, срцето на родителот се исполнува со гордост. Седење, лазење, стоење… сето тоа се моменти што едвај чекаме да ги овековечиме на камера и да ги споделиме со нашите најблиски. Затоа не е ни чудо што сме среќни кога детето ќе достигне пресвртница порано отколку што сме очекувале. Но, иако може да изгледа како „напредок“, некои достигнувања не треба да дојдат прерано. Едно од нив е стоењето. Детскиот терапевт Келси, која работи со бебиња и мали деца веќе седум години, објаснува во видео на „Тик-ток“ зошто не треба да ги охрабруваме бебињата да стојат прерано, особено пред да наполнат шест месеци.

Колковите сè уште не се подготвени

Иако може да изгледа како вашето бебе да сака да стане додека го држите, Келси објаснува дека на оваа возраст тоа не е знак за подготвеност, туку почесто рефлекс или мускулна напнатост.

-Колковите на бебето на оваа возраст се претежно направени од ‘рскавица и не се доволно развиени за да ја издржат телесната тежина – вели Келси.

Таа додава дека премногу тежина може да доведе до проблеми како дисплазија на колкот или други ортопедски предизвици. Тоа не значи дека вашето бебе нема да научи да стои безбедно и здраво наскоро, но важно е да дозволите тоа да се случи во вистинско време, кога неговото тело е подготвено.

Нема потреба да брзате

Експертите препорачуваат да не се охрабрува стоењето пред седум месеци, па дури и тогаш треба да го следите ритамот на вашето бебе.

-Не постои такво нешто како „напредно бебе“ во овој контекст. Секое бебе има свое темпо и тоа е во ред – вели Келси.

Совети за тоа како да го „обучите“ вашето бебе да стои или да оди што е можно порано често се гледаат на социјалните медиуми. Но, Келси ги повикува родителите да бидат претпазливи со ваквите совети бидејќи не секогаш се базираат на експертско знаење.
-Ако знаеме подобро, можеме и подобро – вели таа.

Извор

Поврзани написи

To top